Познатиот македонски пејач: Кај нас бакшишот е со стотки, а во Австралија со илјадарки – многу поисплатливо е да живееш таму

  • By klaster3
  • мај 17, 2022
  • 0
  • 374 Views

Фолк-пејачот Борче Наумовски, во јавноста познат како министерот за естрада, на музичката сцена има завидна 26-годишна кариера, од Македонија, па се до далечната Австралија.

По потекло е од Битола, но роден е во Австралија. Како што самиот кажува, донесен е во Битола на тригодишна возраст и иако е роден во Австралија, за него првата дома е Битола.

Наумовски во интервју откри за настанокот на добропознатиот прекар „министерот“, за авантурите низ Австралија, но и за неговата професионална кариера.

– Бевме гости повеќе пејачи на една многу гледана емисија Иселенички џубокс на МТВ и седиме, се спремаме за емисија и сите гладни нешто грицкаме и во моментот се јавува еден менаџер од Швајцарија, гледам дека е тој на телефон и го ставив на спикер.

Првиот негов муабет беше кај си министер за естрада. И мене ме изненади, но тоа го кажал затоа што мојот стајлинг бил таков.  После го задржав прекарот последните 12 – 13 години, вели Борче.

26 години на естрадата е бројка која многумина сакаат да ја достигнат, но денес кај нас е тешко да се живее само од работата со музика. Борче е од ретките кои имаат големо искуство и во Македонија и во Австралија.

– Јас живеев во Австралија од 2001 декември до 2009та јуни, значи 7ипол години. Едно многу големо искуство и многу добар период од животот што го поминав во Австралија.

Бев премногу ангажиран со наши фамилијарни веселби – свадби, крштевки, родендени, концерти и.т.н. и многу предвреме знаев каде ќе одам низ цела Австралија.

Можам слободно да речам дека се живее од музика таму за тој што има работа во Австралија, а тука не е така.

Голема е разликата, тука се бакшишите со стотки таму се со илјадарки, има премногу моќни луѓе во Австралија. Кога се слави нешто свадба крштевка, 80 – 90 посто има многу поголема финансиска разлика со тука.

Многу поисплатливо е да живееш таму, таму можев да живеам од музика. Уште од првата година кога отидов почнав да работам во еден македонски ресторан каде што доаѓаа сите екс-Југословени – Македонци, Срби, Хрвати, Грци и од самиот почеток ми тргна.

Но, Битола специјално ми е во душата, сите мои другари се тука, тука ја добив културата уште од многу мал, тука си ја започнав кариерата.

Животот надвор од Македонија е друг, почнуваш од нула да учиш, живееш со 180 нации, не е се исто, изјави тој за Магазин на Сител ТВ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *