(ФОТО) Лазар Бараков носталгичен – во сеќавање на Ѓорѓи Колозов

  • By klaster3
  • април 16, 2022
  • 0
  • 342 Views

Голем број генерации во Македонија израснаа со Македонски народни приказни, а и ден денес многу од нив се гледаат и по неколку пати.

Актерот Лазар Бараков, беше најпрепознатлив по улогите во Македонските народни приказни и секако еден од најомилените ликови.

Лазар Бараков кој е роден во Мокрино, Струмичко и долги години беше омилениот лик на Македонските народни приказни, заедно со Ѓорѓи Колозов, Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски.

Лазар Бараков денес е во седмата деценија од животот, кој како што вели го натерал да работи најразлични работи, а никогаш да не се срами од тоа. А работата како и животот оставаат траги на сите нас.

Тој е горд татко на три деца, двете ќерки, Македонка и Викторија и синот Александар. Едната ќерка, Македонка со својот сопруг и детето живеат во Германија, додека Викторија е архитект по професија.

Бараков вели дека ако не е во Скопје или Софија, каде што најчесто се движи, тој е во родната Струмица. „Не можам да се откажам од таа убавина што Господ ја дал во цела Македонија што треба да ја сочуваме“, рече актерот.

По многу години дел од овие актери се обединија повторно и со нов проект најавија дека подготвуваат нешто, што го најавија на социјалните мрежи.

Пред извесно време и Бараков на својот Фејсбук профил со заедничка фотографија со колегата Владо Дојчиновски најави: Без ука, нема наука. Без работа нема леб!… Наскоро на Сител ТВ- нови приказни со народни поуки…

Бараков е доста активен на социјалните мрежи, особено на фејсбук, каде што споделува фотографии или поучни статуси, но често се потсетува на убавите дамнешни времиња поминати со неговите колеги.

Така, Лазар и овојпат сподели спомен – фотографија со носталгичен опис: Местото каде се започна! Куќата на чорбаџи Ѓорѓија е празна, пред неа само стои неговиот верен побратим…

а нашиот чорбаџи го нема, ги нема ни приказните..нема ништо од тоа време..ги нема истите луѓе, ја нема таа екипа, ја нема магијата…само легендите да сведочат за тоа време…носталгија….

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.