(ФОТО) Костадин Костадинов со стап во рака -во издание какво што не сме навикнати да го гледаме

  • By admin
  • август 22, 2022
  • 0
  • 355 Views

Костадин Костадинов важи за еден од попознатати политичари од онаа помлада генерација кој во последните неколку години се етаблираше на политичката сцена.

Костадинов беше пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на СДСМ. Од 2016 до 2017 година прво беше вршител на должноста Градоначалник на општина Струмица откако Зоран Заев по парламентарните избори формирал парламентарно мнозинство и подоцна ја презел функцијата премиер на Македонија.

Основното и средно образование го завршил во родниот град, додека високо образование завршил на Економскиот факултет при ФОН Универзитетот.

Својата политичка кариера Костадинов ја започнува како член на Советот на општина Струмица. За време на мандатот на Зоран Заев тој ја вршел и функцијата Заменик градоначалник на општина Струмица, а во декември 2016 година, десетина дена по парламентарните избори, Костадинов станува вршител на должноста градоначалник на општина Струмица откако Заев се повлекува од истата поради ангажирања во парламентот како и блиското добивање на мандат за формирање на нова македонска влада.

Ја врши должноста градоначалник сè до локалните избори во 2017 година и на 20 октомври функцијата ја презема победникот на изборите Коста Јаневски.

Од ноември 2017 година Костадинов е пратеник во Собранието на Република Македонија на местото на Јаневски откатко со уште неколку пратеници им бил верифициран мандатот.

На Локалните избори кои се одржале на 17 октомври 2021 година, Костадинов како кандидат за градоначалник на Општина Струмица од редовите на СДСМ победил во првиот круг на гласање со освоени 53,70% од гласовите.

Костадинов од својот претходник Коста Јаневски, функцијата градоначалник на Општина Струмица ја презел на 27 октомври 2021 година.

Костадин Костадинов е член на СДСМ. Тој активно се вклучува во партијата во 2011 година кога станува претседател на СДММ, младинската организација на СДСМ за Струмица и ја води истата сè до крајот на октомври 2018 година.

Во периодот од април 2011 до март 2018 година бил член и на Извршниот одбор на СДСМ, а од април 2011 до април 2013 година и заменик-претседател на општинската организација на СДСМ во Струмица.

Во март 2018 година е избран за член на Централниот одбор на СДСМ, а неколку месеци подоцна, во октомври, назначен е за нејзин портпарол.

Костадинов сме навикати секогаш да го гледаме скоцкан и облечен во костум, сако, кошулче, панталони, класични кондури.

Но овојпат реши да покаже како изгледа кежуал, односно облечен спортски, по кратки панталони, патики и маичка. Притоа во раката држи стап.

Првиот човек на Општина Струмица викендов реши да планинари и се искачи на планината Беласица и притоа напиша: Одмарајте во Македонија! Крикна Беласица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.