(ФОТО) „Жена од султана“ во прегратките на познат македонски пејач

  • By klaster3
  • јуни 22, 2022
  • 0
  • 96 Views

Тијана Милентијевиќ, позната по хитот „Жена на султанот“ се појави во Ѕвезде Гранда уште во 2014 година, а денес не личи на онаа девојка од пред осум години.

По песната „Жена на султанот“, нејзината кариера почна да расте со вртоглаво темпо. Настапите и се нижат еден по еден како на Балканот така и во цела Европа.

Она на што Тијана посветува најмногу внимание е физичкиот изглед, неодамна стигна веста дека вградила силикони во задникот, отпатувала во Занзибар од каде редовно објавуваше фотографии на Инстаграм, фалејќи се со своето тело.

– Физичкиот изглед е многу важен во мојата работа. Сите опер ации што ги направив ми помогнаа. Ми се допаѓа се да е на свое место, и на лицето и на телото. Го направив тоа што сакав, изјави Тијана порано за „Информер“.

Иако особено машката популација би сакала Тијана Ем да биде чест гостин низ клубовите во Македонија, сепак таа некако како да не е многу канета овде.

Но, пред некој ден на социјалната мрежа Инстаграм осамнаа слики од Тијана во клуб заедно со млад македонски пејач.

Огнен Здравковски е еден од учесниците на популарниот музички натпревар Звезда Гранда, кој во 2019 година стигна до финалето благодарение на неговиот неоспорен талент.

Тој се пријави на натпреварот на Звезда Гранда и набрзо се издвои од мнозинството во својот прв настап, благодарение на гласот и енергијата. Огнен Здравковски е роден 1998 година и потекнува од Скопје, Македонија.

Она што е факт е дека Огнен има неверојатен талент за музика и зрачи со харизма. Завршил средно музичко училиште во Скопје, а моментално студира соло пеење на Факултетот за музичка уметност.

Негови музички примери се Тоше Проески и Здравко Чолиќ. Огнен Здравковски го даде својот максимум и ги воодушеви жирито и публиката со своите настапи во конкуренција на Звезда Гранда, поради што стигна до финалето.

Но, она што е најмногу познато за него е тоа дека е внук од сестра на уп окоениот Зоран Џорлев. Овојпат на настап во клуб во Охрид Огнен се најде на сцената заедно со познатата пејачка Тијана Милентијевиќ.

Застанати еден до друг, прегрнати и со микрофоните во раце го овековечија моментот на заедничко пеење на сцената.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *