(ФОТО) Горан Пандев заврши во болница во Италија: Опколен со доктори објави фотка

  • By admin
  • октомври 21, 2022
  • 0
  • 223 Views

Како што е познато Горан Пандев е најдобриот македонски фудбалер во историјата пред ивесно време реши да ги закачи копачките, па така сега ги ужива благодетите на пензионерските денови.

За потсетување тој неодамна за италијанските медиуми и дефинитивно означи крај на кариерата, онаа клупска со оглед на тоа што репрезентативната веќе од претходно ја заврши.

Угледниот весник „Газета“ објави обемно интервју со Горан Пандев кој остави неизбришлива трага во италијанскиот фудбал.

Пандев ужива статус на вистинска фудбалска ѕвезда во Италија и тоа е поради наследството кое го остава во Серија А, па затоа не чуди ниту фактот што реши да се одјави во интервју за еден од најпознатите медиуми од оваа земја.

– После цели дваесет години, време е за крај. Мојот најстар син има речиси 13 години, во минатото го гледав само за време на паузите од една за друга сезона.

Сега сакам да му се посветам на семејството, но набрзо сигурно ќе ме видите пвоторно во фудбалот, бидејќи јас не знам да правам ништо друго.

– Цело лето не размислував за фудбал и кога ќе се случи тоа доаѓа до опуштање, јадете повеќе и тренирате помалку. Веќе имам неколку килограми повеќе.

Веќе немам желба во главата да почнам да тренирам, а на 39 години станува се потешко. Во Џенова сите 8 сезони почнував како четврти напаѓач, барав од претседателот Прециози да ми верува, но на крајот, кога бевме во опасност, секогаш играв.

– Во иднина повеќе се гледам како директор или спортски агент. Сакам да работам со млади луѓе и да им помагам, да разговарам со нив и да ги гледам нивните натпревари.

За крај, им кажувам благодарам на сите. На сите мои тренери, на сите претседатели, на сите навивачи. Заборавам на се лошо што се случило, – порачува Гоче во свој стил.

Но иако означи крај на кариерата, Пандев остана да живее во Италија па според неговите активности на социјалните мрежи тој најмногу време поминува во Милано и Џенова.

Утрово Пандев на својот инстаграм профил сподели фотографија направена во болница за орална хир ургија, а крај себе беше опколен со двајца доктори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *