Трифун Костовски: Заев се дрзнува да распродава сè што е свето во Република Македонија

  • By admin
  • јули 22, 2021
  • 0
  • 2647 Views

Познатиот бизнисмен и голем хуманитарец кој своевремено беше и градоначалник на Скопје, Трифун Костовски се огласи на фејсбук и напиша:

Став за премиерот на Република Македонија Зоран Заев.

Желбата по секоја цена да ја задржи власта во свои раце, господинот Заев се дрзнува да распродава сè што е свето во Република Македонија, посебно свето за нас Македонците, како на внатрешен план така и на надворешен.

Неартикулираните коалиции со одредени политички субјекти кои се прават само на база отстапки, кога-тогаш ќе ни се удрат од глава. Чувството дека имаме Премиер кој сака да му се допадне секому па дури и на најголемиот непријател е повеќе од видливо.

Верувајте не знам што се уште има во ракавот за продавање господинот Заев од нас Македонците на неговите коалициски партнери, само да остане на власт.

Граѓанскиот концепт на нашата држава не го подразбира и фактот за само-себе уништување кој посебно значи за нас Македонците. Во сиот изминат век поминуваме многу тежок пат за докажување на нашата самобитност и повеќе од факт е дека Македонците во Македонија се основниот столб за државотворноста на Македонија.

Луѓе како Ченто го положувале животот за Македонската самобитност, а денеска актуелната власт се дрзнува да го разнебитува тоа стекнато со борба и крв наше право.

И денеска имаме нерасчистени односи по прашање на нашата самобитност за нас, Македонците со нашите соседи Грците и Бугарите.

Во вакви моменти упатувам порака кон моите сограѓани од другите национални заедници да не го користат моментумот кој нас Македонците не става во незавидна ситуација на меѓународен план а во последно време во многу незавидна ситуација и на домашен план.

Треба да живееме заедно, да се поддржуваме заедно во натамошниот развој и посебно да се почитуваме меѓу себе на културолошко, јазично ниво, односно во сите сфери на нашето живеење. Само така ќе направиме силна и почитувана држава на која ние граѓаните ќе бидеме горди.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *