Тони Михајловски: Извинете, но Македонија веќе не постои, освен во нашите глави

  • By klaster3
  • април 14, 2022
  • 0
  • 597 Views

Тони Михајловски Шанац е човек со низа професии кој е истакнат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, водител на радио и телевизија и стоечки комичар, а во последно време и мошне активен во политиката.

Јавноста го памети по неговите славни улоги во филмовите Буре Барут, Панкот не е мр тов, Трето полувреме, До Балчак, а игра и во хит серијата Сенки над Балканот.

Актерот од 2011 година е во брак со 13 години помладата Александра Јорева Михајловски. После две години врска тие ја крунисаа својата љубов.

Заедно го имаат синот Максим, кој е втор син на Тони, а прв на Александра. Тони од првиот брак го има синот Александар Михајловски.

Често е активен на социјалните мрежи каде што јавно ги изразува своите ставови за какво било случување во земјава, но неретко споделува и дел од приватниот живот.

Популарниот актер повторно се огласи на неговиот Фејсбук профил со статус во кој го искажува неговото мислење:

„Пуштете ги луѓето дома. Таа Македонија, за чија одбрана влегоа во “домот” на уметноста на компромисот, местото каде што се потпишани и изгласани сите предавни чки договори последниве 30 год, таа Македонија извинете веќе не постои, освен во нашите заблудени глави.

Ја нема веќе ни во мениата. Со нашето исчезнување најверојатно ќе се затвори единстеното незатворено европско поглавје. Македонија.

Искрено не верувам дека и ова северниов патрљак ќе опстои уште долго. Таа гротеска е сега повторно под надлежност на Букурешкиот договор овој пат со анекс во корист на Бугарија.

Ако ја нема земјата што ја бранеа, ако го нема веќе уставот што го бранеа, зошто тогаш да лежат зат вор за нешто што веќе не постои? Нема те роризам, тоа го докажаа и неколку суд ови на земји членки на ЕУ, а и без тоа знаевме.

Ка зната за насил ство,таму кај што го имало, ја одлежаа одамна. Ние сме толку некадарни што и семејствата им ги оставивме без заштита. Пуштете ги луѓето дома“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.