Спасе од временска прогноза распали по инфлуенсерките: Крстете се на клиниките по Истанбул, да не беа они без заби ќе шетавте

  • By klaster3
  • ноември 24, 2022
  • 0
  • 167 Views

Спасе Јовановски, или како што многумина го знаат Спасе „Рола до бола“, е еден од презентерите на временската прогноза на ТВ „Сител“.

Спасе е често активен на социјалните мрежи каде без влакна на јазикот го изразува неговиот став во врска со која било тема од животот и јавниот свет.

Изминатово деноноќие актуелна и коментирана беше пораката од страна на една Инстаграм инфлуенсерка, којашто предизвика ре волт кај јавноста бидејќи на порака возвратила со надменост.

Доколку некој не ја следи на Инстаграм не треба да му враќа на порака кога ќе ја праша нешто. Сепак народот како и секогаш е поделен, па некои ја поддржуваа некои ја напа днаа.

И Спасе излезе со свој став поврзан конкретно за ова прашање па на негов профил на социјалните мрежи напиша:

Кр стете се на овие клиниките по Истанбул..И нивните одлични доктори! Да не беа они, без заби ќе шетавте, дебели, ќелави, со носовите ко црни гаврани! Оооо вие на патени природни инфлуенсерки!

Секој ден, само испливува на површина по една глупава инфлуенсерка. Па сеа ќе плаче дека губела фоловерси.

Срц, сузе су ок! Како што ги губиш, така нови ќе си купиш ко шо праеше до сеа. Ејјјјј па ти, кој ќе примети будалче едно.

И само уште ова. Престанете да се трипате дека сте инфлуенсерки! Вие сте само „онлајн“ продавачки на производи за кои што сте платени некад 1000че а некад и за гратис.

Инфлуенс е влијание на широката маса. Влијаеш со музика, со глума, со уметност, со говорење а не со продавање на чорапи 3 за 100.

Вистинскиот инфлуенсер! Човекот кој спојуваше луѓе без оглед на боја, нација вера! Неговата музика, неговите текстови во кои иклучиво се пееше само за љубовта!

Љубовта како основен двигател! Со неговото „Ве сакам сите“ ги учеше луѓето како да бидат добри и да не прават з ло! Еден и единствен Тодор Тоше Проески!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *