Спасе им се чуди на жените што се дотеруваат за своите мажи: Сè за да му се допадне на некој што подига пиво у ќош – разбудете се

  • By klaster3
  • ноември 14, 2022
  • 0
  • 212 Views

Спасе Рола Јовановски многумина од вас го знаат од ТВ екраните. За оние, помалку упатените, момчето е еден од презентерите на временската прогноза на ТВ „Сител“.

Него го гледате речиси секоја вечер во информативните изданија на „ТВ Сител“, иако не е ниту информативец, ниту новинар… Да, порано бил и тоа естраден, во некогашниот магазин „Македонски свет“.

Денес, Спасе Јовановски е познат како еден од презентерите на временската прогноза на ТВ Сител.

Естрадниот свет и неговите кругови повеќе го познаваат како „помошникот“ на Лила Филиповска кој воедно е нејзин најдобар другар со кој Лила се дружи уште од многу одамна.

Спасе е мошне активен на социјалните мрежи каде од време на време знае да напише по некој статус во кој го искажува своето мислење за теми од секојдневието. Така и овојпат се осврна на жените и напиша:

Не се бели, Маре мори не се црви! Според последните статистики, жените во државава просечно за хигиена и хигиенски производи троши од 10 до 15.000 денари месечно!

Тука збориме за просек, односно без ноќен, дневен, небесно волшебен серум и посета на салони за убавина.Додека пак кај мажите просекот е 1200 до 2000 денари.

Плус тука имаме ставено и пена за бричење а некој се бричи некој и не мора.Зошто жените слепо ги следат трендовите за убавина а на мажите пак ич не им чуе?

Пази! Жена редовно се депилира! Редовно кубе коси! Редовно става токсини на фаца или у превод шминка! Редовно оди на нокти! Редовно оди на третмани! Редовно топи целулит!

Редовно е на диети! Па сеа, по најмодерно имаат по 45 ритуали за лице. Серум! Кристали! Бо цкање! Подигање! Закосување! Маска од кал! Маска од полжав! Од мрт во море! Од з миин отр ов! Маска од собрана дождовница! Од бабин заб… И за кого!?

Се за да му се допадне на тамо некој што подига пиво у ќош, со шампонот со кој што си измил коса, лице, тело, и пребришал прашина по дома за на крај да ти рече…

“Срцка, си за зденка маслинка после журкава па да пи чиме до кај мене”? Заспани убавици… Разбудете се.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.