Слободан литар млеко го продава од 20 до 50 евра, има и листа на чекање

  • By klaster2
  • декември 8, 2021
  • 0
  • 477 Views

Ова млеко се смета за најслично на мајчиното по својот состав и квалитет и е единственото нешто што дури и бебето може да го испие.

Магарињата се тешки за чување и ретко кој се нафаќа да одгледува магарици и да живее од нив, а можат да бидат многу исплативи.

Литар млеко чини од 20 до 50 евра, а побарувачката за него е многукратно скокна бидејќи се покажала како исклучително ефикасно во лекувањето на сите белодробни забо лувања, па така кај производителот се формирани долги листи на чекање, пренесе РИНА.

„ Магарешкото млеко е можеби и најздравото млеко, имам голема побарувачка, и големи листи бидејќи потребно е повеќе време за еден килограм, вели Слободан Симиќ.

,, Се проценува дека има 50 отсто повеќе протеини од кравјото млеко. Се покажа како одличен во лекувањето на кашлицата, за целосно закрепнување на организмот по големи опер ации.

,, Во претходните месеци побарувачката на магарешко млеко никогаш не била поголема, а за цена не прашуваат“, изјави за РИНА Слободан Симиќ од природен резерват Засавица, каде што има фарма за магариња.

Единствениот проблем е што колку и да е потребно магарешко млеко, нема доволно. Магарето дава мали количини, а тоа е во просек од неколку децилитри до неколку литри дневно.

Женката кога е во фаза на добивање на младенче дури 14 месеци не молзиме млеко и во тој период сме без приход како и неколку месеци по породувањето, бидејќи младенчето не би можело да преживее доколку млекото се однесе на продажба.

„Магарињата не бараат многу грижа за разлика од другите животни. Животни како коњите на кои им е потребна голема грижа и ветеринарни интервенции, магарињата се исклучително издржливи.

Многу се корисни за размножување, но многу мал број луѓе се одлучуваат да се занимаваат со таа работа, а такви животни ги има се помалку на целиот Балкански Полуостров“, вели одгледувачот Дарко Савељиќ.

Цената на магарешкото млеко во некои европски земји достигнува и над 100 евра и може да се каже дека е меѓу најскапите во светот.

А токму поради неговите посебни карактеристики, сирењето направено од него е најретко, а воедно и најскапо во светтски рамки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.