Сефер Цаноски: Браќа Македонци Вие сте тие што треба да ги средите работите во државава – помирете се

  • By admin
  • јули 8, 2022
  • 0
  • 411 Views

Сафер Цаноски попладневно се огласи на својот профил на фејсбук каде што напиша:

Драги браќа Македонци, Вие сте тие што треба да ги средите работите во државава и никој друг.

Не се криви Албанците ниту пак останатите помали етнички заедници, тие не се проблем и тие не можат да најдат решение затоа што масата односно поголемиот процент во државава се македонци и тие ја имаат најголемата одговорност денеска.

Се покажа изминативе години кому најмногу одговара кога внатре македонецот е поделен и кога не знае државата каде тера. На тој начин се станува народ без грам доктрина и визија за иднината.

Решението е македонецот да седне на маса и да најде солуции за круцијални и долгорочни работи кои ја засегаат иднината на сите. А најмногу на нашите деца.

Преку комуникација да се заштитат интересите на напатениот народ и држава. Потребно е лидерство и решение каде нема да има предавници и јунаци!

Помирете се. Комуницирајте. На тој начин ќе донесете поквалитетни решенија за иднината. Образованието, здравството и сите сектори ни се коруптирани и испартизирани.

Како да не ни е гајле што им оставаме на нашите деца и генерации, кои патем тие треба да бидат утре доктори во истите болници или во останатиот дел од системот полн со рушевини кои им ги оставаме.

Затоа децении гледаме како си одат надвор, претежно во истата Европа и прекуокеанот- далеку од дома.

1. Зарем не пат еше доволно нашиот народ ?

2. Кои се нашите национални и општествени интереси или црвени линии?

3. Која е нашата иднина како народ и држава?

4. Одиме кон цивилизираниот свет или кон некоја друга опција и правец ?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.