Сашо Тасевски: Најголем срам ми е што на моите деца не можам да им обезбедам по еден стан

  • By klaster3
  • ноември 8, 2022
  • 0
  • 303 Views

Сашо Тасевски е познат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, стендап комичар, писател и колумнист, вработен во Драмскиот театар во Скопје.

Остварува улоги во неколку македонски серии како: Салон Хармони, Сакам да бидам кошаркар, Еурека, Тврдокорни и Преспав, но и во неколку тв-филмови и драми: Дичо Зографот, Девет пораки и други.

Во 2002 година, добитник е на националната театарска награда за најдобра глумечко остварување на фестивалот Војдан Чернодрински за улогата на Цибра во претставата Тетовирани души.

Во 2013 година, добитник е на наградата „Најчитан писател во Македонија“ во сите библиотеки низ државата во конкуренција на странски и домашни писатели која ја доделува НУБ Климент Охридски.

Во 2017 година е назначен за директор на Драмски театар – Скопје. Пишувал сценарија за стрипот во неделникот Фокус и колумни за истиот весник, но и за други весници и интернет портали.

Познат е како човек кој нема влакна на јазикот и јасно ги изразува своите ставови на социјалните мрежи каде често е активен.

Тасевски беше гостин во емисијата „Нешто конкретно“ со Снеже Велков каде подетално зборуваше на тема срам, од што се срами, кои постапки смета дека се срамни и го кажа своето мислење.

Најголемиот срам ми е тоа што на моите деца не можам да им обезбедам по еден стан, по нормален живот, да не размислуваат, да ги школувам надвор.

Тоа ми е најголемиот личен срам што не сум успеал, што не сум бил способен да го направам тоа и покрај сите работи што сум ги правел.

Но, тоа е тоа. Живееме во поднебје на дивјаци каде сме сите заглавени меѓу мајмунот и некое замислено врховно суштество.

Оваа држава не знае да ги цени луѓето коишто ја облагородуваат и доаѓаме до ситуации каде полуспимени будали кои влегуваат во политика живеат феноменално.

Им обезбедуваат се на децата, а ние останаатите гледаме од страна тоа е најголемиот срам. Се поголем е јазот помеѓу оние што јадат бифтек и оние што јадат попара.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.