Раперот кој се исели во САД за да вози камион повторно фати микрофон: Во Македонија само на одмор, назад не се враќам

  • By admin
  • декември 28, 2021
  • 0
  • 470 Views

Оние кои ја следеа македонската рап-сцена пред десетина години и тоа како се сеќаваат на артистот Александар Петров или пак можеби само Вукац МЦ– како што повеќето го познаваат.

Неговото последно издание беше во 2011 година, со темата „Ова е мојот живот“, каде што раскажува колку му е тежок животот во Македонија и дека нема на што да се гордее.

Таа 2011 година Вукац ја промовираше и песната „За тебе зборат”, продуцирана од Никола Тефов (NT Beats) и Зоран Алексиќ – Снупи.

Е, токму тој Александар Петров по цели 10 години пауза повторно се активира, но овој пат од Америка каде што живее веќе неколку години.

Меѓутоа сега станува збор за нова рап-песна на англиски јазик, песна која многу наликува на неговата прв рап-песна во Македонија со наслов „Срце во пета“, тогаш продуцирана од Илија Делов.

По цели 10 години, Вукац ја обновува соработката со Никола Тефов и заедно ја создаваат новата песна „Step On The Gas“, во која гостува и СамГотДИ рапер од Њујорк / Бронкс, кој е познат уште во 2000-тите со неговата латинска хит рап песна „Оле,оле,оле3 под името на изведувачот Ел Гран Матадор. Овој рапер соработуваше и со групата Фуналито, кои имаат две „Греми“ номинации.

Вукац МЦ кога ја запознал Даниела, девојка од Кратово која уште не првата средба му го освоила срцето, и со која се венчаа во 2016 година, тој веќе на некој начин се помирил дека е крај на неговата музичка кариера.

Раскажува дека морал да мисли на семејството, да заработува, па затоа со сопругата се вработиле во странска фабрика, лоцирана во Кавадарци.

-Желбата да се докажам во музиката тлееше во мене секогаш, но реалноста во која живеев беше друга приказна. Целиот живот ни се смени кога Даниела аплицираше на Лотаријата за зелена карта за САД.

Имавме среќа таа да биде избрана во програмата, ги спакувавме куферите и тргнавме во неизвесност, со верба дека убави нешта чекаат на нас. И така и се случи, вели за Фокус.мк и додава:

Се вработив како шофер, но тргна и мојата потрага по професионален тим кој ќе ме поддржи во музиката. Чекор по чекор, стигнав до финалето на познатото музичко шоу Ливит, зад мене застана менаџерски тим, и сега, како круна на целиот труд и упорноста, пред три дена ја промовирав мојата прва песна во Америка, „I Step On The Gas“.

На крај од интервјуто кое во целост може да го проследите на Фокус.мк вели:

Во Македонија би дошол но единствено на одмор, да се видиме со блиските, со пријателите. За враќање назад, да живееме во Македонија, не планираме – изјави музичарот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.