Премиерот Ковачевски на неколку минути пред лето за Португалија им влезе на фудбалерите во авион со големо ветување

  • By admin
  • март 27, 2022
  • 0
  • 434 Views

Фудбалерите на Македонија денес со чартер лет ќе се упатат до Порто, каде во вторник ќе играат плеј-оф финале против Португалија.

Нашите репрезентативци ја прескокнаа Италија, па сега ќе бркаат нов позитивен резултат на „Драгао“. Благоја Милевски има предизвик да подготви план за Кристијано Роналдо и неколкуте индивидуалци во редовите на португалската репрезентација кои би можеле да претставуваат проблем за македонската одбрана.

Првиот тренинг на португалско тло, нашиот национален тим ќе го одржи утре во 20:00 часот. Фудбалерите се уверени дека не се без шанси за пласман на Светското првенство во Катар.

УЕФА ги делегираше официјалните лица за натпреварот во вторник, а на центарот ќе застане прославениот англиски арбитар Ентони Тејлор. 43-годишниот судија ќе има помош од Гери Бесвик и Адам Нун крај аут линиите, како четврти е делегиран Мајкл Оливер, додека во ВАР собата ќе работи Крис Кавано и Стјуарт Атвел.

Тејлор нема првпат да ѝ суди на Македонија. Дури, судбината си поигра така што Англичанецот беше на центарот и во Тбилиси, кога Македонија преку Грузија се пласираше на Европското првенство.

Натпреварот меѓу Португалија и Македонија се игра во вторник во 20:45 часот.

Неколку минути пред полетувањето за Португалија, премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, влезе во авионот и им посака среќа на фудбалерите.

Македонската репрезентација ќе се надигрува со Португалците, во вторник со почеток од 20:45 часот. Победа носи пласман на Светското првенство во Катар, што ќе биде нов голем успех на оваа генерација играчи предводени од Благоја Милевски.

За победа, Ковачевски вети половина милион евра премија за нашите најдобри фудбалери. Тоа би требало да биде мотивација плус пред гостувањето кај тимот на Фернандо Сантош.

Натпреварот во Порто ќе биде последен за тековните квалификации. Противникот е исклучително тежок и ќе биде голем предизвик за „рисовите“, кои пред неколку дена ја надиграа Италија во Палермо.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.