Горан Пандев до Бујар Османи: Смешен и жален си господине

  • By admin
  • март 27, 2022
  • 0
  • 490 Views

Македонската јавност деновиве пулсира и живее со македонската фудбалска селекција која е на еден чекор до пласман на Мундијалот во Катар.

Македонската фудбалска репрезентација ги израдува сите со триумфот во Палермо против Италија (1-0), па сега членовите на селекцијата добија ветување и од министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Како што е позанто Министерот за надворешни работи Бујар Османи, вчера им додели дипломатски пасоши на фудбалските репрезентативци, Александар Трајковски и Енис Барди, како и на тренерот на репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски.

– Не само со победите над фудбалските велесили како што се Италија и Германија, туку и со севкупниот ваш придонес во успехот на нашиот национален тим, вие веќе сте нашите спортски дипломати и амбасадор, па најмалку соодветно е да го имате и симболот на дипломатијата – дипломатскиот пасош за вашите чести патувања, истакна Османи на средбата.

Нашата репрезентација веќе денес патува во Португалија, каде на 29 март ќе се натпреваруваат против домаќинот за евентуален пласман на претстојниот мундијал во Катар.

Најдобриот македонски фудбалер и доскорешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев пред малку преку Инстаграм се обрати министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Се однесува за ветувањето дека ако Македонија се пласира на Светско првенство, сите фудбалери ќе добијат дипломатски пасоши.

Ветувањето на Османи дојде откако двајца фудбалери, херојот од Палермо, Александар Трајковски и фудбалерот за врска Енис Барди добија дипломатски пасоши, заедно со селекторот Благоја Милевски.

„Смешен и жален си господине, гледај си политика и пушти ги хероите да уживаат. За нив треба споменици, а не пасоши“, објави Пандев

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *