Пописот за дијаспората само што почна и веднаш проблем: Јас која живеам во Македонија, успеав да се само-попишам

  • By admin
  • март 2, 2021
  • 0
  • 1290 Views

Програмерот Даниела Спасовска во фејсбук групата „Сојузен комитет на програмери на Република Македонија“ сподели статус во кој што вели:

Здраво, мислам дека наидов на грешка во апликацијата за само-попишување наменета за граѓани од дијаспората. Пишувам за да ме исправите ако грешам или да пријавите ако е тоа потребно.

Јас која живеам во Македонија, успеав да се само-попишам користејќи VPN. Интернет страната не дозволува да се регистрирате доколку имате македонска IP адреса, но штом инсталирав VPN (бесплатен) веќе немаше ограничувања.

Само-попишувањето е не само за дијаспората туку и за секој граѓанин кој во овој период нема да е во Македонија. И така јас одбрав да сум кај нашиот северен сосед, го оставив мојот македонски телефон и без никаков проблем бев регистрирана и го поплнив прашалникот. Не се бараат никакви податоци за адреса од земјата каде што престојувам, а за причина за престој имаше повеќе опции од кои последната беше “Друго” или нешто слично.

Ми падна чудно што и во прашалникот кога ја пополнува адресата во Македонија задолжително беше само името на улицата, но не и број, влез, стан…

И сега се прашувам 2 нешта

1. Зошто не постои подобра заштита која мене од Македонија би ми оневозможило да се само-попишам?

2. Дали сега, кога го имаат мојот матичен број, но не и комплетната адреса, ќе бидат исклучена од физичкиот пописот, да ме прескокнат т.е. како да не се бројам 2 пати еднаш дигитално и еднаш на прашалниците кои претпоставувам испечатени на хартија ќе ги носат луѓето што ќе не попишуваа?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.