Тања Јовиќевиќ, поранешна членка на бендот „Октомври 1984“, пред нешто повеќе од една недела ја напушти „Задруга 5“ и како што вели, веднаш се соочила со големи проблеми, бидејќи нема каде да живее.
– Што да кажам. Откако излегов од реалноста, сместена сум во пансион на Ибарската магистрала, кој го плаќа продукцијата на „Задруга“, односно мојот пријател Жељко Митровиќ.
– Тука сум додека не го решам станбеното прашање. Тука сум затоа што немам каде да одам. Ми се јави и Бане Ѓокиќ и ми понуди сместување.
– Но не ми треба ноќевање или две, ми треба трајно станбено решение. Не знам каде одам, што ќе правам, сфатете ме, не ми е лесно – возне мирено изјави Тања за „Стар“.
– Животот е многу тежок, препуштена си сама да се снаоѓаш како знаеш и умееш, особено во ова денешно време, вели Јовиќевиќ.
Од друга страна, нејзините пријатели велат дека пејачката не им се јавува и дека само се јавила на еден другар барајќи парична помош за да има храна, додека не и се платат петте месеци поминати во реалити шоуто.
– Разговарав со Тања, но ситуацијата е многу тешка. Од кога го продаде станот, талка и бара помош од пријател на пријател.
Тоа не е решението, таа знае. Некако во реалити шоуто беше мирна и сигурна, а сега за неа повторно започнува бор бата за живот.
– Постојано се надева дека некој ќе и помогне да го реши прашањето за покривот над главата, но додека не ги засука ракавите и не почне да заработува за леб и сметки, нема мир.
– Да речеме зимата ја помина, но ако не реши каде да оди за еден ден, буквално ќе остане на улица. Жал ми е, многу е добра, но мора и да се опамети – тврди еден од пријателите на Тања.