Пејачката Ребека: После мојот говор се рaзбoлeв, барам некој да ми објасни како да се помирам

  • By klaster3
  • јули 30, 2022
  • 0
  • 261 Views

Иако во последен период се повлече од сцената, Ребека Јанковска-Ристески важи за позната македонска пејачка.

Љубовта кон музиката ја има почувствувано многу рано, благодарение на нејзиниот татко Благоја. Првиот посериозен исчекор на музичката сцена го прави во 1989 година, кога со составот Ребека ја снима песната “Недопирлив”. Групата постоела околу една година.

Пејачката присуствуваше на протестите организирани против протоколот за отпочнување на преговорите на Македонија со Европската Унија, па жес токо пред насобраните граѓани одржа говор.

„Останав нема на вашите прашања. Нашите соништа се распаднаа. Долгот кон нашите претци не го исполнивме. Државата ја предадоа.

П.С.Се срамам од сите вас мои пријатели, роднини, другари, соработници кои велевте дека работата е завршена и кои никогаш немавте време за Македонија, за вас. До тука било. Ме разо чаравте. Се срамам од вас“, стои

во дел од објавата на Фејсбук.

– После мојот говор се разболев, толку ми падна имунитетот, нема ден, а да не напишам нешто за Македонија и дури се чудам како некој може да не разговара на таа тема и да го живее животот без да посвети внимание на ова прашање прифаќање на протоколот.

Се не гативно чувствувам кога ќе го прочитам протоколот, едноставно моето постоење, мојот идентитет, мојот јазик, историја, предци, моите деца, јас самата сум навреде на до коска.

Европската Унија се согласи на нешто вакво во која гледавме просперитет, современи стандарди, права за сите по било кој основ и сега наеднаш имаме услов од ЕУ да направиме нешто коешто е ср ам за таа Европска Унија.

Се работи за чувства на секој еден од нас. Што се однесува до мене јас не можам да се помирам, никогаш нема да се помирам
прво затоа што едноставно тоа е во нас, тоа е нашиот код така сум воспитувана.

Мојот дедо којшто бил во пар тизани во Егејска Македонија, се боре л за оваа земја, сите тие работи коишто јас сум ги слупшала низ кои поминувал едноставно живеам со тоа цело време и сум згро зена од сето она што ни се случува.

не можам да разберам како некој може да се помири. барам некој, можеби псх олог, да ми објасни како јас да се помирам, додава Ребека за емисијата „Заспиј ако можеш“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *