Пандев не му остана должен на Панчев – Горан со стил му врати

  • By admin
  • март 30, 2022
  • 0
  • 599 Views

Се уште не запираат реакциите по настапот во баражите на македонската фудбалска селекција за пласман на СП.

Откако во полуфинаето ја поминавме Италија, во финалето за жал „жолто црвените“ загубија од Португалија и остаа без виза за Катар.

Македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев во интервју за германскиот „Франкфуртер Алемајне Цајтунг“ изјави дека е импресиониран од работата на селекторот Благоја Милевски и дека доколку тој се прашува, веднаш „Сер Боби“ би добил нов четиригодишен договор.

„Да сум јас сега претседател на Фудбалската Федерација на Македонија не би имал дилеми дали Благоја Милевски е индината на оваа репрезентација како селектор.

Веднаш би му го продолжил договорот на уште четири години. Тој е најдобриот селектор кој Македонија го имала некогаш. Лично сум импресиониран од тоа како работи, особено што имаше одлични успеси претходно како У21 селектор на Македонија„ – вели Панчев па додава.

„Неспоредливи се победите против Германија односно Италија. Едната е во рамките на квалификациски циклус, а другата е во бараж дуел. Сепак, и двете ќе имаат голем белег во фудбалската историја на Македонија“ – истакнува Панчев, па додава дека репрезентацијата на Македонија има голем потенцијал во себе и дека допрва ќе напредува.

„Неспорен е уделот и влијанието на Горан Пандев во репрезентацијата на Македонија. Тој е играчот кој го даде голот проти Грузија за пласман на ЕП, но не смее да се заборави дека со него во составот да речеме сме загубиле од Андора.

Во моментов Македонија има фудбалери од типот на Адеми, Барди Алиоски, кои имаат голем потенцијал во себе и можат уште повеќе да напредуваат, а со тоа и репрезентацијата на Македонија“

Горан Пандев не му остана должен, па во изјава за Фокус на кратко ја порокоментира изјавата на Панчев и во оваа прилика кажаа:

„Нема што да кажам. Се гледа дека на човекот му е многу мака што Македонија играше на Европското првенство и бараж за СП““, кратко ни изјави Пандев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.