Оние што го прележале вирусот може малку да здивнат – Филипче пред малку сподели олеснителна мерка

  • By admin
  • август 14, 2021
  • 0
  • 8877 Views

Како што е познато од 16 август започнуваат да важат нови мерки, односно од понеделник на територијата на Македонија.

Во последните денови расте бројот на новодијагностицирани од Ковид-19, констатира министерот за здравство Венко Филипче, кој днееска ја посети Општата болница во Охрид, каде со директориот разговараше за капацитетите и подготовката за прием на повеќе болни во следниот период.

– Ако ја гледаме динамиката со којашто бројот се зголемува, може да кажеме дека пред нас се неколку недели во кои ситуацијата може да биде навистина крит ична.

Има зголемување на бројот на новодијагностицирани пациенти и пациенти кои се за хоспитализација, посебно во неколку градови во Тетово, во Гостивар, во Кичево и во Куманово. Тука се исполнуваат инфективните одделенија, дел од пацинетите се префрлаат и во Скопје на Инфективната клиника – рече Филипче.

Сега се подготвуваат и дополнителните капацитети, системот е спремен, а лекарите се ставаат во системот на ротација.

Според анализите, се покажало дека бројот на новодијагностицирани се зголемува во градовите каде опфатот со вакцинација е мал, околу 23 проценти, во Куманово, Гостивар, Кичево, Тетово. Во Охрид има скоро 50 проценти опфат со вакцинација и во моментот има помалку од 10 пациенти во болница.

– Од вкупно 3.497 дијагностицирани пациенти во изминатите седум дена, 3.047 се невакцинирани, што значи само десет проценти се вакцинирани и се заб олени и се со прилично стабилна клиничка слика – вели Филипче.

Од вкупната бројка вакцинирани во државата, околу 400.000 со две дози и уште околу 500.000 со една доза, само 0,02 проценти се заразени со корона вирус, што според Филипче укажува на тоа дека само вакцинираната популација е прилично сигурна и обезбедена.

– Тоа докажува дека вакцината е безбедна, тие граѓани немаат никакви компликации дека е ефикасна и еве сега доказ дека е ефективна – рече Филипче во Охрид.

За вакцинацијата, Филипче вели дека се одвива одлично и дека одѕивот е зголемен по најавата за новите мерки, кои почнуваат од понеделник. Околу 8.000 граѓани дневно се јавуваат да примат прва доза вакцина.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција кажа дека за влез на сите настани кои се организираат освен сертификат за вакцинација треба да приложат и потврда дека од прележаниот ковид има поминато најмалку 45 дена.

– Освен бараниот сертификат за вакцина, најмалку една доза, за влез на сите настани кои се организираат на отворено или затворено, ќе биде доволно да се приложи потврда дека пацинетот бил заболен од Ковид, во рок од 45 дена, тоа се оние 30 дена да помине времето за вакцинација, 15-тина дена да се организира вакцинацијата – рече Филипче .

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *