Никола Груевски се огласи утрово повторно: Се друго е или незнаење или дневна политика

  • By admin
  • април 20, 2022
  • 0
  • 414 Views

Како што е познато од ноември 2018 година поранешениот премиер и екс лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевские е во Унгарија каде што доби политички азил од тамошните власти откако треба да одлежи 2-години зад решетки во Македонија.

Никола Груевски беше претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ од мај 2003 до декември 2017 година и претседател на владата на Република Македонија од 26 август 2006 до 18 јануари 2016 година.

Иако е далеку од Македонија тој будни ги следи случувањата во државата и често знае да се огласи со по некоја објава преку својата фејсбук страна.

Периодов е мошне активен со објавите на социјалните мрежи, па така беше случајотв и утрово кога Груевски напиша:

Зошто имало восочни фигури и слики од еден или друг лик во историски музеј? Затоа што тоа не е музеј на хероите, туку музеј кој ја визуелизира историјата каква што била, а дел од неа се и хероите и антихероите и сите што одбележале некоја историска епоха на одреден простор со своето делување.

Така е во целиот свет. Поставките во еден таков музеј не претендираат да ја толкуваат историја. Тоа евентуално може да го прави кустосот кој дава информации поврзани со поставките во музејот.

Да, дури и музејот на восочни фигури Мадам Тисо во Лондон или Хонг Конг не ги рехабилитира Хи тлер и Мус олини, или пак Ст алин во истиот музеј во Прага, само затоа што беа поставени таму.

Неможе да се прикаже историјата во историски но и во други типови музеи само со селективен избор на настани и ликови.

Се друго е или незнаење или дневна политика и партиски препу кувања. Фотографии од музеите низ светот-подолу.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.