(ФОТО) Александра, ќерката на екс премиерот Заев во друштво на познат наш музичар отпатуваа од Македонија

  • By admin
  • април 20, 2022
  • 0
  • 406 Views

Веќе поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев иако се повелече од политичката сцена и понатаму знае да биде интересен за јавноста иако медимски го нема премногу.

Неодамна привлече внимание откако со екс министерот за здравство Венко Филипче беа гости во соседна Грција на митинг на Алексис Ципрас.

За Зоран Заев важи дека е доста опуштен лик кој често знае да излезе од протоколарните говори и да ги насме и орасположи новинарите, но и граѓаните.

Познато е дека Заев е фамилијарен човек и е во брак со сопругата Зорица со која имаат две деца. Ќерката Александра и синот Душко.

За Александра е познато дека одбра да се образува надвор од Македонија, но не многу далеку туку во соседна Бугарија.

Во едно интервју, Зоран Заев изјави дека неговата сопруга Зорица е онаа која што повеќе време поминува со децата и се грижи за нив, а како пример ги наведе и родителските средби на која што оди таа.

Александра својата убавина ја наследи од својата мајка, а на нејзиниот шарм никој не е рамнодушен. Воедно таа е првото дете на Зоран и Зорица Заеви.

Во едно интервју Зоран Заев за својата ќерка рече дека таа имала голема желба да стане докторка па затоа се запишала на медицина. Тој кажа дека за прват во фамилијата Заеви ќе имаат еден лекар.

Тој тогаш објасни дека Александра ја одбрала Бугарија, а не Македонија зошто тука би била ќерката на премиерот, а не обичен студент, а таа не сакала така да ја гледаат.

Александра е доста активна на социјалните мрежи а по објавените фотки може да се заклучи дека има префинет вкус за мода.

За ќерката на Зоран Заев познато е дека е голем љубител на зимските спортови, особено скијањето, нешто кое го практикува често.

Како и години наназад, така и оваа зима Александра оди на скијање, па така неодамна беше случај кога беше во француски Шамони во масивот Мон Блан во рамките на француските Алпи.

А потоа и во соседна Бугарија поточно во Банско каде со друштво објави како си поминува и на стаза и во локали.

Освен тоа Александра е голем љубител на патувањата, па овојпат реши да замине за Шпанија. На пат кон крајната дестинација, некаде во Хрватска сподели фотка.

На истата освен тоа што е во друштво на неколку девојчиња, веројатно нејзини другарки, тука е и Марјан Петровски или во јавноста познат како Диџеј Мац.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *