Никола Груевски се огласи во пресрет на Велигден – испрати моќна порака

  • By admin
  • април 29, 2021
  • 0
  • 7498 Views

Никола Груевски вечерва повторно се огласи на својот профил на фејсбуку каде што напиаш:

Велики Четврток! Ден во спомен на последната Исусова вечера-ТАЈНАТА ВЕЧЕРА со дванаесетте апостоли. Најважната вечера на Исус Христос.

Христос им ги измил нозете и им покажал пример на смирение и понизност, како и пример на љубов и жртва преку служење еден на друг. Да се натпреваруваат кој кому да му служи, а не кој да биде поголем и кој да владее со другите. Не го издвоил ни Јуда – и нему му ги измил нозете и тоа најпрво нему.

Ден на предавството!Господ Исус Христос го знаел предавникот и на Вечерата го навестил: „И кога седеа и јадеа, Исус им рече: ,Вистина, ви велам: еден од вас, што јаде со Мене, ќе Ме предаде.‘ Тие се разжалостија и почнаа еден по друг да велат: ,Да не сум јас?‘ А Он им одговори и рече: ,Еден од дванаесетте е, што мака со Мене во чинијата….

…Апостол и евангелист Јован бил најблиску до Господа Исуса Христа на Тајната вечера, па дури и главата си ја навалил на Него и затоа тој можел да ги чуе сите Христови зборови.

Тој, како што забележал во Своето евангелие, откако се навалил на градите Исусови и му рекол: „Кој е Господи“, Исус одговорил: „ ,Оној е, на кого Јас ќе му натопам залак и подадам.‘

И кога натопи залак му го подаде на Јуда Симонов Искариот“ (Јован 13,25-26). На Јуда и во тие последни моменти му се дала можност да се откаже од својата предавничка намера и да се покае, но тој тоа не го направил…

…Изборот на Јуда за апостол претставува возвишено покажување на љубовта Божја кон човекот и кон грeшникот, како што и натопувањето на залакот и давањето од рацете Христови во устата на Јуда претставува најсовршено искажување на љубовта и грижата Божја за спасување на грешникот до последниот момент.

…Апостол Петар горделиво се поставил над другите апостоли и рекол дека тој нема да се одрече од Христа, дури и сите кога би се одрекле.

Но, токму тој ќе го стори тоа, му рекол Христос и тоа уште ноќта и тоа е запишано во сите четири евангелија. Така и се случило. Петар се одрекол од Господа три пати и го обзела силна тага, срам и страв, па горко плачел.

И најсилниот апостол ја покажал слабоста на човечката природа и се видело дека смртта е страшна за сите. Петар, пак, научил дека треба да им се простува на луѓето заради нивните слабости и немоќи, и да биде милостив кон грешниците, како што бил милостив Бог кон него…

Господ Исус Христос и апостолите решиле ноќта да ја минат под отворено небо на Маслиновата Гора. Христос отишол во Елеонската Гора каде што, уште ноќта, еврејските старешини и првосвештеници организирале да биде фатен без присуство на народ, во часовите на длабоката ноќ.

Од односот на Исус Христос кон Јуда, се верува дека и најголемите грешници ако денес се причестат и покајат ќе им бидат простени гревовите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.