Игор Џамбазов со предлог до Германците: Па да правиме „Данке Дојчланд“

  • By admin
  • април 29, 2021
  • 0
  • 1124 Views

Германија вчера поставила дневен рекорд во бројот на вакцинации со над милион вакцинирани граѓани, изјави министерот за здравство Јенс Шпан, додавајќи дека третиот пандемиски бран истовремено се забавил.

„За прв пат, успеавме да вакцинираме повеќе од еден процент од населението за еден ден“, рече министерот за здравство Јенс Шпан на прес-конференција.

Тој објаснич дека досега 25,9 проценти од германските граѓани ја примиле првата доза, а 7,5 проценти од граѓаните биле целосно вакцинирани.

Државниот епидемиолошки институт Роберт Кох денеска за цела Германија забележале седумдневна инциденца од 154,9, што е помалку отколку вчера, кога инциденцата била 160,6.

Директорот на институтот Роберт Кох, Лотар Вилер, рече дека инциденцата низ целата земја се стабилизирала од 150 до 170.

“Успеавме малку да го забавиме третиот пандемиски бран. По Велигден, експоненцијалното зголемување не се разви според прогнозите”, рече Вилер.

Министерот за здравство Шпан го опиша развојот како позитивен, но истакна дека сè уште не е време за опуштање.

“Има надеж, но ова не е знак да се стави крај на алармот што се однесува до пандемијата. Вкупните бројки се уште се премногу високи. Одделенијата за интензивна нега се уште се полни”, рече Шпан.

Германија има намера да го забрза процесот на вакцинирање во наредните недели, на што треба да придонесе и пренесувањето на дел од вакцинацијата кај матичните лекари.

Претходно оваа недела, канцеларката Ангела Меркел објави дека приоритетите за вакцинација ќе бидат укинати од јуни и дека до крајот на јули, на сите возрасни германски граѓани кои сакаат да го сторат тоа, треба да им се даде можност да ја примат првата вакцина.

На оваа тема се огласи познатиот македонски шоумен, Игор Џамбазов кој на својот профил на Инстаграм излезе со интересен предлог.

-Германците вакцинирале милион луѓе во еден ден. Милион (1000000) луѓе. Во (1) еден ден.

А нас, сите вака топтан, би не „курдисале“ од сабота сабајле до недела попладне максимум. Па да праиме „Данке Дојчланд“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *