Поранешниот лидер на ВМРО ДПМНЕ и екс премиер на Македонија, Никола Груевски вечерва се огласи од Будимпешта.
Темата беше повеќе од јасна, односно настанот во Тетово, а во оваа прилика Груевски истакна:
Изразувам длабоко и искрено сочувство до семејствата на за гинатите во синоќешната тагедија во Ковид болницата во Тетово.
Загубата на најблиски во семејството е ненадоместлива и не постојат доволно зборови за утеха.
Тагата е поголема кога ќе се помисли на околностите под кои нивните најблиски на многу болен начин ги загубија животите токму онаму каде очекуваа да им бидат спасени.
Вистинска тагедија е што тие луѓе со години одвојувале дел од својата заработка за здравственото осигурување и за сè што треба да значи безбедност на нивните животи кога ќе дојдат тешки моменти, а сега, заради нечија негрижа и неодговорност из гореа во пламените јазици.
Одговорност, независна истрага и севкупна постапка мора да има.
Прашањата за широко распространетата неодговорност која произведува скандали и тагедии толку често, за незнаењето, непрофесионалноста и владеењето на медиокритетите над најнапредните во општеството се теми за поширока дискусија и причина за длабоки промени на општеството, но денес на овој тажен ден не е време за тоа.