Пожарот во Тетово синоќе однесе живот и на доктор

  • By admin
  • септември 9, 2021
  • 0
  • 7466 Views

Командирот на Територијалата противпожарна бригада на Тетово, Ука Алити вели дека тие дале сѐ од себе, но пламените јазици биле преголеми.

-Пламените јазици беа толку големи, пожарот можеше да фати и друг објект. Тогаш шт ета би била уште поголема. Дадовме сè од себе, го дадовме максимумот само пламените јазици да не се прошират и да можеме да извадиме што повеќе луѓе, сведочеше Алити денеска пред изгорената модуларна болница во Тетово.

Тој рече дека многу граѓани кои се затекнале таму, но и здравствени работници им давале помош во извлекување на телата.

-Во тие моменти не видовме и не мислевме дали вадиме живи или не, колку што можевме извадивме, рече Алити.

Вели дека сите пожарникари излегле на терен, а само еден останал за да прима повици.

-Само еден пожарникар останал да прима повици, сите други излегле на лице место, стигнале многу бргу и почнале да интервенираат.

Првата интервенција со две противпожарни возила, била од внатрешната страна на медицинскиот центар. После се видело дека треба да се интервенира и од другата страна, од страна на реката, со едно противпожарно возило и една екипа бидејќи тука требаше да се гаси пожарот, но истовремено и да се направи евакуација на луѓето или болните што лежеле тука, вели Алити.

Меѓу 14-те упокоени во вчерашниот пожар во Тетово има и еден посетител, јавува Телма повикувајќи се на неофицијални информации. Телевизијата објави дека најверојатно станува збор за женско лице кое во моментот на пожарот било на посета во модуларната болница.

Медиумите на албански јазик во Македонија пренесуваат дека идентификувана е уште една жтва во пожарот во болницата во Тетово.

Станува збор живот на млад доктор, Ферди Шаќири од кого неговите блиски и познаници се опростуваат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *