Неповолни вести за сите оние што планираат да летуваат во Турција

  • By admin
  • јули 24, 2021
  • 0
  • 2293 Views

Австриските власти регистрираат се повеќе случаи на инфекција со коронавирусот кај повратниците од однмори во странство, а најзаразени се оние кои летувале во Хрватска и Шпанија

Во календарските недели 27 и 28, инфекцијата е регистрирана кај 322 повратници од одмор од Шпанија, како и кај 186 кај повратници од Хрватска. Следуваат новоинфицирани кои биле на одмор во Холандија (61), Малта (52), Грција (43), Германија (21), Франција (18).

Кога станува збор за земјите од Западен Балкан, инфекцијата со корона е регистрирана во Австрија кај само тројца повратници од Србија и Босна и Херцеговин.

Бројот на новоинфицирани со коронавирусот во Турција се искачи на над 10.000 денеска за првпат од средината на мај, достигнувајќи 11.094, додека 60 лица починаа, соопшти Министерството за здравство.

Ако сакате утре да биде подобро од денес, држете се до мерките. Вакцинирајте се, напиша министерот за здравство Фахретин Коџа на Твитер, објавувајќи ги податоците.

Бројот на новоинфицирани се намали на 4.418 на 4 јули за време на строгите ограничувачки мерки што беа укинати во средината на мај. Последните ограничувања што беа на сила беа укинати во јули.

Ова секако е неповолна вест за сите оние кои планираат во следниот период својот одмор да го поминат во Турција.

Овие бројки не се оптимистички, а како што е познато голема е бројката на Македонци кои летуваат во оваа држава, пред се во Анталија, Аланија, Кушадаси и Бодрум.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.