(ФОТО) Некој шета кучиња, некој мачки а Јелена по трговски ги шета своите свињи

  • By klaster2
  • јануари 17, 2022
  • 0
  • 360 Views

И додека сосема нормално е да се има милениче, дали маче, куче и слично, сепак некој одат до таму да чуваат и тоа како милениче свиња.

Иако ги знаеме свињите како животни кој ги чуваме или купуваме за да завршат на нашата трпеза сепак една необична приказна ни доаѓа од Исток.

Станува збор за две свињи чија сопственичка е Јулија Кованскаја од Русија, доста невообичајно кога станува збор за миленичиња.

Јулија се грижи за своите свињи како да се мали деца. Тие се хранат дури и поздраво од многу луѓе, јадејќи авокадо и друг свеж зеленчук.

Нема сомнеж дека секогаш се во центарот на вниманието, бидејќи ретко кој шета низ центарот на градот со две свињи, велат од ,,Рупитли”

Имено, првиот го посвоила за да го спаси од кл аница, додека вториот го затекнала како талка осамен и решила да го заштити.

– Едната се вика Душанка, а другата Мурин, втората беше побегнала од својот дом и три дена никој не ја побарал, беше многу слаба, вели Јулија.

Во Санкт Петербург тие се главна атракција, сите погледни се свртени кон нив а и доста актуелни се и на социјалните мрежи.

– Можеби некаде околу 15 години мечтаев да имам вакви миленичиња имав пред расуди но сето тоа падна во вода и јас сум задоволна.

Нејзиниот сопруг никогаш нема да го разбере ова нејзино хоби, но таа не се откажува, и вели дека ќе стори се за да тој го прифати тоа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.