(ФОТО) Атиџе слави роденден – Сузе се реши за несекојдневен подарок

  • By admin
  • јануари 17, 2022
  • 0
  • 314 Views

Големото пријателството помеѓу македонска поп-пејачка, писателка и телевизиска водителка Сузана Турунџиева и Атиџе Муратово не е нешто ново и истото отиде и чекор понапред откако започнаа и заедничка музичка кариер.

Атиџе по сите оние светски филмски фестивали и холивудски гламур, нашата амбасадорка во светот, нашата меденка се врати дома, на својот секојдневен живот, на убавите мали, а за неа големи нешта.

Главниот лик од документарецот „Медена земја“ Атиџе Муратова и понатаму знае да биде интерес во јавноста, пред се поради нејзината скромност и непосреднос, но и поради тоа што има харизма со која шири позитива.

Атиџе Муратова од апсолутно непознат лик стана планетарно славна преку улогата наглавниот лик од „Медена земја“. Скромна, едноставна, стигна дури и до Холивуд, а по низата ангажмани и обврски, потоа повторно се сврте на секојдневниот живот во селото Бекирлија.

Добро познато е дека Сузана Турунџиева, познатата македонска поп-пејачка, писателка и телевизиска водителка важи за голема пријателка на Атиџе Муратовска, главниот лик од Медена земја.

За разлика од многумина кои ја искористија петминутната слава за да бидат во друштво со Атиџе, Сузе и остана верна пријателка па тие две речиси секој викенд се дружат.

Драги пријатели. Вечер точно на полноќ стартуваме со роденденска хуманитарна аукција по повод 58 роденден на нашата Атиџе Муратова.

Планирано е тоа да биде 24 часовно наддавање за уметничко дело – портрет на Атиџе, кој за оваа цел го изработи младиот и талентиран уметник Саше Милевски во техника акрил на платно, со димензии 90х70.

Оној кој ќе понуди највисока цена за портретот, ќе стане сопственик на истиот, и ќе има прилика средствата лично да и ги подари на Атиџе.

Добредојдени сте сите кои сакате да се вклучите во наддавањето кое ќе биде јавно, транспарентно, во коментари на овој пост. Почетна сума за наддавање- 10000 денари.

Наддавањето започнува точно на полноќ и трае до утре на полноќ.

Секој кој ќе си дозволи коментар или порака со било каква нав редлива содржина или говор на ораза ќе биде бло киран, отстранет од листа на пријатели и пријавен кај фб администратор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *