Наум Петрески има нова убава причина за прослава – доаѓа од кругот на семејството

  • By klaster3
  • март 29, 2022
  • 0
  • 282 Views

Кога Наум Петрески настапува забавата и атмосферата секогаш е загарантирана. Неговите песни и хитови се едни од најслушаните, како кај нас, така и во дијаспоратат кај нашиниците.

Настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство, а одржал голем број на концерти ширум светот.

Испеал многу антологиски македонски песни, меѓу кои „Филизо, моме Филизо“, „Ајде сонце зајде“, „Зајди, зајди јасно сонце“ и други.

Како што е познато Наум е оженет со познатата македонска фолк пејачка Зуица Лазова.

Еден од најпознатите и најпопуларните фолк пејачи кај нас без сомнение е Наум Петрески кој од своите два брака има три ќерки и еден син, Анастасија, Сања, Македонка и Стефан.

Најстарата од нив, Анастасија Петреска, тргна по стапките на својот познат татко и веќе е успешна пејачка во Македонија, но во последно време повеќе се има посветено на мајчинството додека својата музичка кариера ја остави на страна.

Имено, таа на почетокот од 2018 година се сврши за својот колега Владимир Поповски од „Биоритам“ и веќе имаат едно дете.

Тие за нивната наследничка одбраа модерно име, па малата принцеза ја крстија Андреа, и оттогаш неизмерно уживаат со новиот член на семејството.

Гордиот дедо Наум во една пригода за „ММС.мк “изјави дека супер се чувствува во новата животна улога.

„Не ме плаши тоа што сум дедо па дека ете сум стар, сум остарел. Убаво ми е да сум дедо, немам страв од старост“, изјави тогаш познатиот пејач.

„Воопшто не ми беше важно дали ќе ни се роди внук или внука, но пресреќен сум што таа ќе роди девојче. Нека биде убава на мама и талентирана за музика на мама и на тато“, изјави Наум кога дозна дека ќе стане дедо.

Во првата бременост Анастасија не многу сакаше да открива како ги поминува деновите во блажена состојба и да објавува фотографии на социјалните мрежи, но сега за промена како второ вакво искуство, таа откри дека со Владимир повторно ќе станат родители.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *