Младиот 15-годишен Бујамин од Прилеп се срами од својата состојба и поради тоа не оди на училиште

  • By admin
  • февруари 21, 2021
  • 0
  • 1024 Views

Бујамин Усиновски тукушто наполни 15 години. Неподвижен е. Не оди на училиште, бидејќи, како што вели, се срами од неговата состојба.

Таткото на Бујамин раскажува дека немаат ниту автомобил за да го носат на училиште, додавајќи дека неговиот син има потреба од електрична количка.

„Бара сѐ, но немаме услови да му ги исполниме сите желби. Има волја за сѐ, но ние не можеме… Пред 7 месеци и струјата ни ја исклучија… Ја исклучија бидејќи немаме со што да ја платиме…“, истакна Беким Усиновски за ТВ21.

Таткото на Бујамин вели дека неговиот син не зема никаква терапија, бидејќи лекарите му рекле дека неговиот хендикеп е од раѓање. Се надева дека со електричната количка ќе му се олесни движењето.

„Лекарите ни рекоа дека немало успех и дека веќе не може да се излекува, бидејќи така е роден. Кога би имал количка, би можел да се движи по малку, би се потрудил“, додава Беким Усиновски.

Семејството е од прилепското село Десово. Социјална помош земаат само 5 илјади денари. Велат дека со овие пари не можат да ги покријат сите потреби на синот, а не успеваат да ги платат ниту сметките за струја.

Таткото на Бујамин, вели дека им било ветено дека ќе ја добијат потребната количка, но сѐ уште чекаат на неа. Семејството Усиновски бараат Бујамин да може да има услови за да се движи и да може да оди на училиште.

IBAN-IBAN Code MK07530280006086815

Жиро сметка: 530500020205057

Контакт броj од семејството: 076 420 151

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.