Маја проговори со што се соочила на пат од Велес кон Скопје со автобус: Нормални ли сте бре

  • By admin
  • август 23, 2022
  • 0
  • 434 Views

Маја Лазарова на својот фејсбук профил сподели не пријатно искуство од пред неколку дена, а во продолжение интегрално ви го пренесуваме нејзиниот статус:

Автобуски превос Велес-СкопјеПосле три преубави денови на планина, доаѓа момент да се вратам во цивилизацискиов ха ос и се упатуваме кон Меѓуградска автобуска станица – Велес.

Стасуваме во 16:40 и гледам шалтер од надвор и влез за шалтерот од внатре. Заради непикање во затворен простор сакам да извадам карта за Скопје на шалтерот од надвор – не може. „Тој е така само ставен, од внатре се вади!“ ок!

Влегувам внатре, зад шалтерот нема никој. Прашувам каде се вади карта – „Тука, али почекај, сега ќе стаса вработената, тука е негде!“.
После 5 минути стасува црно офарбана, натапирана госпожА и отвара прозорчето. Велам: „Ве молам карта за Скопје“.

Пуна строгоча одговара: „Карта за Скопје се вади кога ќе стаса автобусот за Скопје, не може пред време!“ Прашувам: Како не може пред време?! А кога е следниот автобус?

Одговара: „Од кај знам! 10 за 6…6…6:10…кога ќе стаса тогаш!“ Затвара прозорчето и не праи муабет.

Немам избор, останува да дремам 50 минути на автобуска и да дем нам кој од автобусите што стига е тој за Скопје па да се затрчам да ја извадам картата – оти пред тоа госпожА не продава карти!

У меѓувреме стигаат бус за Кавадарци, за Битола,..госпожа прати ситуација со автобусиве и на разглас се дернува: Кавадарц – Сега! Трчаат луѓе, вадат карти и брзо се пикаат у соодветниот автобус.

Сфаќам дека за да стасам до карта у моментот кога госпожа ќе објави Скопје сега, морам да застанам у редица пред шалтерот внатре.

Застанувам, поминува 17:50, поминува 18ч, автобус за Скопје нема! Стасува некој бус фирма Екстра бус (мислам така беше) и госпожА од шалтер на разглас вика: „Скопје“.

Сите од чекална нагрнуваат, јас среќа трета у редицава, давам платежна картица, одговара: „Не примаме картици!. Добро, вадам карта со кеш.

Кумашиниве ми пикаат претоварен планинарски ранец под автобус, ми викаат брзо внатре барај седиште. Влагам да седнам – внатре празно седиште нема.

Јас, едно девојче и една постара жена се вртиме нагоре – надолу, нема!!! Влегува возачов и му викаме: каде да седнеме? Одговара: „Епа нигде!“ Убацува у прва и трга за Скопје.

Постарава жена седнува на скалите од излезот у средина на бусот, девојчево седнува на под напред кај шоферот (види фото), јас останувам у средина рас тегната ко спајдермен меѓу две седишта, оти автобусов не е предвиден за патници да стојат па нема рачки и каиши да висат над седишта за да се придржувам!

Јас се уште у ш ок и неверување што ми се дешава, постарава жена коментира: Е добро де, 45 минути, голема работа ако постоиме!!! Ох бре Македонче задоено со филозофија „ќути има и полошо“!

1. Абе сум платила регуларна цена на автобуски билет – должни се да ми обезбедат регуларно седиште!

2. Дозволиво ли е патници да стојат во автобус на меѓуградска линија? Безбедно ли е?

3. Која е таа кат астрофална организација у вези продажбана на билети? Кој е тој директор на Автобускава станица и дали има појма како се врши продажбава на карти?

4. Во 21 век во Велес немаш опција да си извадиш претходно автобуски билет Велес – Скопје? Невозможно било – не знаеле колку патници имало во автобусот што стига?!

5. Не примаат платежни картички само готовина?!

6. Ало Франкфурт? Абе електронски треба да може да си извадам карта од дома а не да мал третирате народ да се гужва у редица ко пред селска кооперација од пред два века и да не знае дали после саат време чекање ќе има место во автобусот? Нормални ли сте бре?

Нај трагично е што сфаќам дека луѓево што постојано користат автобуски превоз се навикнати на ваков третман, не им пречи, не сакаат да бидат третирани достоинствено и за чесно платен билет да си ја добијат услугата!

Не веруваат ни дека ако реагираат ќе се промени било што. Можеби и нема. Ама ако никој не реагира, дефинитивно нема.

Ако почнат повеќе луѓе да реагираат – можеби не веднаш, но некогаш ќе им текне да се организираат како што треба! Затоа избирам да не молчав.

И освен овој статус ќе реагирам и до општина Велес и до Автобуската станица Велес. Работат како да сме во 19 век! Не се способни една евиденција на патници да водат – кому продаваат билети и кој им се вози во кој автобус. А тоа им е основна дејност!

Сфаќате ли колку сте неорганизирани Автобуска станица Велес ? Веројатно не. Не не’ бива другари, не не бива Needless to say: 4-5 души од 53 вкупно носеа маска. Толку.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.