Малата Наташа од Охрид: Лежев во болница, ми се пиеше сокче, но немавме, пари немавме ниту да платиме што лежев таму

  • By klaster2
  • февруари 6, 2022
  • 0
  • 681 Views

Валентина Стојкоска од Охрид има шест годишно девојче кое има големи здраствени проблеми, тие живеат под кирија и не се во работен однос.

Таа потекнува од Албанија, за поубав живот пред 20 години доаѓа во Македонија, имала неуспешен брак па среќата ја бара во Вевчани, но и таму нема согласување а главна причина е сиромаштијата.

Од двата брака има по едно дете, но ниту на синот ниту на ќерката Наташа не може да им обезбеди пристоен живот кое секое дете го заслужува.

Цел живот го поминуваат под кирии, а условите каде што живеат не се достојни, па таа со право се грижи за здравјето на нејзините деца.

Сопругот често ги напушта и оди во Вевчани а Валентина останаува во Охрид каде од петни жили се обидува да ги изведе децата на прав пат без примања.

– Синот остана во Дебарца каде живеев во првиот брак, тој е веќе полнолетен а овде немам услови за да го чувам. Се омажив и по втор пат но ситуацијата не е подобра, вели Валентина за „Срце на дланка“.

– Добив сериозни здраствени проблеми и морав да ја оставам работата и да се грижам и за мене и за ќерката која е исто така со сериозни здраствени проблеми.

– Јас имам циста на желедуникот, бев во болница, таму ми се пиеше сокче, но немавме пари ниту да платиме што лежев во болница, вели малата Наташа.

Инаку Валентина не е пријавена како жител на Охрид и не може да аплицира за социјална помош или стан, а живее од донации.

– Киријата ми е шест илјади денари, за што попрво си велам, сопругот што ми е сега кога дојде кога оди, и тој оди работи кога ќе го викнат, но тоа ретко.

– На ќерката не можам да и овозможам многу работи, одиме некаде и кога виде некој предмет или нешто сака да и купам, но и велам нема пари, вели во солзи Валентина.

– Јадеме леб и салама, немам повеќе да и дадам. Цел живот ми помина во проблеми, ова е ма ка што го живеам, незнам како понатаму.

– Најголема желба ми е да имам своја соба, може да биде розева боја, вели оваа скромно девојче кое животот не ја милувал.

Доколку сакате да и помогнете на овој мал ангел да си ги исполни своите желби тоа може да го  направите на трансакциската сметка 200003332143216 или на телефонскиот број на Валентина Стојкоска 078/241 929

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *