Македонците во Нов Зеланд по три години чекање конечно го дочекаа моментот

  • By admin
  • јуни 22, 2022
  • 0
  • 48 Views

Хелена Роза е една од најпознатите Македонки која што живее и работи во далечниот Нов Зеланд, а овојпат сподели една убава вест од оваа островска држава:

Успешни Конзуларни денови во Оукленд, Нов Зеланд. Изминатиот викенд поточно на 18/19 и 20 Јуни, после цели 3 години и после година и пол преговори и молење, не посетија преставници од Македонската Амбасадата во Канбера, и воедно се организираше сликање за пасош и конзуларни денови.

Беа услужени повеќе од 90 Македонски државјани на кои им беа потребни разни услуги, во кои најголем дел – сликање за нов пасош.

Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на Министерството за Надворешни и Министерството за Внатрешни работи на Македонија, кои напокон ни излегоа во пресрет кон потребите на Македонските државјани кои живеат и работат во Нов Зеланд и не ставија на листа на приоритети.

Секако ништо од ова немаше да се случи доколку ја немавме огромната подршка од д-р. Викторија Чавковска – заменик амбасадор на Македонија во Канбера, која уште од почетокот на нејзината мисија минатата година покажа интерес кон нашиот проблем и решавање на истиот. Ти благодарам ама нај.

Сакам исто така да се заблагодарам и на Македонскиот бизнисмен Џино кој ни излезе во пресрет со отстапување на просторија каде што се одржаа конзуларните денови. На Јоначик Александар без кој навистина не знам дали сето ова ќе беше вака организирано.

Исто така благодарам и на Александра Стојановиќ и нејзиниот сопруг кои ни искочија во пресрет и ни ја понудија нивната помош.

Се надевам дека и во иднина ќе продолжиме да градиме ваква убава соработка со преставниците од Амбасадата на Република Македонија во Канбера.

Фала многу и на сите останати кои на некој начин ми се најдовте изминатава година и пол.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *