Игор Џамбазов му симнува капа на играчот на Вардар: Вечерва заблеска браво момче

  • By admin
  • април 6, 2022
  • 0
  • 207 Views

Македонскиот ракометен првак, екипата на Вардар иако ремизира во вториот меч против Веспрем (31-31) го заврши својот настап во Лигата на шампионите за оваа година во осминафиналето.

Избраниците на Давид Дејвис Камара слично како и во Скопје, така и во Унгарија, одиграа добри петнаесетина минути и му парираа на Веспрем, но потоа попушти концентрацијата и воедно квалитетот беше на страната на противникот кој има далеку подолга клупа.

Сепак, поради ротацијата на домашните, но и мотивацијата на вардарци кои ги имаа „Комити“ на ова гостување, до финишот се дојде до реми.

Голем удел за резултатот има младиот голман Васил Гогов. Веспрем поради победата во двомечот патува на мегдан со дански Алборг со кого ќе се бо ри за „виза“ во Келн.

На почетокот двата тима беа резултатски близу се до 8-7, кога Веспрем даде два гола во низа преку Штрлек и Јахја за 10-7. Предноста на контото на Веспрем порасна до полувремето на пет гола разлика (18-13) и така Илиќ имаше доволна залиха за да може да ротира.

Во второто полувреме шанса добија повеќе млади ракометари од составот на Веспрем, интересно е што сите се запишаа во листата на стрелците.

Вардар така успеа да се врати во натпреварот и да ја стопи високата негатива. Во вториот дел на сцена стапи младиот голман Васил Гогов со осум одбрани, а вардарци од 29-26 во финишот врзаа три гола во низа преку Моралес, Чувара и Додиќ, за 29-29 на три минути пред крај.

Проблем за Дејвис беше што Диало доби две минути поради жесток фаул врз Ненадиќ. Тоа воедно беше и трето исклучување за Французинот. Просторот го искористи Ненадиќ (30-29), на спротивната страна Њокас изедначи (30-30), a откако Нилсон погоди за Веспрем на 30 секунди пред крајот, последниот збор го имаше Вардар и преку Куни Моралес постави реми.

Најдобар кај стрелците беше Оливие Њокас со седум гола, пред Куни Моралес со шест, додека Филип Талески и Жереми Тото стрелаа по четири пати. Кај Веспрем, Јахја постигна седум, пред Нилсон со пет, а Мае заврши со четири реализации.

Овој меч очигледно го гледал и нашио познат шоумен, водител, актер и музичар, Игор Џамбазов кој по мечот се огласи на својот профил на инстаграм каде што сподели фотографија од голманот Васил Гогов и напиша:

Вечерва заблеска новата ѕвезда на македонскиот ракомет. Браво момче

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *