За 265 дена го обиколил светот

  • By admin
  • февруари 12, 2021
  • 0
  • 750 Views

Пред пандемијата на коронавирусот, Канаѓанецот Берт тер Харт, сосем сам тргнал во обиколка на светот. Дури кога се вратил дома по 265 дена, дознал колку светот е целосно променет, па и стекнал нов прекар – најбезбедниот човек на планетата.

Берт стана осмата личност во светот (и прв од Северна Америка) што патувал сам низ светот, ориентирајќи се само по ѕвездите. Цели 265 дена на море, без ГПС, без каква било помош од современата електроника – само пенкало и хартија и старомоден секстант.

– Отсекогаш сум бил фасциниран од раните истражувачи, рече Тер Харт.

Тој тргнал на пат во октомври 2019 година, со неговиот 13-метарски брод „Сибарбан“. Притоа, признава дека му било по малку страв бидејќи со себе имал само опрема којашто се користела векови порано.

Храбриот 62-годишник, инаку, е дипломиран океанограф и со истиот брод претходно крстарел низ Беринговото Море и околу Алјаска. Сепак, неговото искуство и дипломата, се чини, не му го олесниле овој потфат премногу.

Како што вели, му биле потребни два или три часа дневно само за да ја утврди неговата местоположба, пред да го продолжи патувањето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.