Заев: Се надмина бројката на 50.000 реевидентирани членови на СДСМ

  • By admin
  • февруари 12, 2021
  • 0
  • 667 Views

СДСМ е пред сериозен процес на реевиденција, синоќа се постигна бројката од 50.000 реевидентирани членови, а овој процес ќе трае некаде до крајот на февруари месец, порача денеска претседателот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање, повикувајќи ги сите членови да го реевидентираат своето членство во СДСМ.

Претседателот Заев најави дека следува процес на организирање на првите внатрепартиски непосредни избори, каде секој член ќе одлучува кој ќе биде следен претседател на партијата.

Тој ги отфрли обвинувањата за негова наводна вмешаност во какви било внатрешни промени во ВМРО-ДПМНЕ истакнувајќи дека тоа е внатрешно прашање на членовите на ВМРО-ДПМНЕ и додае дека очекува здрава и силна опозиција која што ќе биде сериозен коректор на власта со цел таа да биде уште потранспарентна, одговорна и поефикасна.

Осврнувајќи се на состојбите во Парламентот, претседателот Заев истакна дека ВМРО-ДПМНЕ без никакви причини блокира важни закони поврзано со стандардот на земјоделците, енергетската ефикасност, јавниот транспорт во главниот град и повика Собранието да ги искористи сите можности за да изнајде решение за надминување на блокадите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.