Крмов: Само ние поднесовме амандмани против графа – етничка припадност во личните карти

  • By admin
  • февруари 12, 2021
  • 0
  • 592 Views

Со над 1200 амандмани, Левица во Собрание ќе го оспорува предлогот за вметнување на графа со етничка припадност во личните карти на граѓаните.

Борислав Крмов во одговор на новинарски прашања од денешната прес конференција: Не сме разговарале со ДПМНЕ, само ние поднесовме амандмани против измени на Законот за лични карти, односно, против воведување на категорија – етничка припадност во личните карти!

Пратеникот Борислав Крмов смета дека овие измени се политички пазар меѓу дел од парламентарните партии со кои ќе настанат нови поделби по етничка основа. Тој очекува предлогот да биде повлечен од собраниска процедура, со објаснување дека искуствата во другите земји каде постои графа за етничка припадност, се без позитивни ефекти.

Денеска овие законски измени беа ставени на дневен ред на Комисијата за политички систем, но многуте амандмани од Левица ја одложија седницата поради неопходното преведување на сите метеријали на албански јазик.

Со слични аргументи против е и Демократскиот сојуз од каде велат дека на тој начин ќе се дискриминираат граѓаните и може да се нарушат индивидуални и колективни права. Пратениците од БЕСА кои се предлагачи на измените, сепак очекуваат поддршка од другите партии за гласање на измените.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *