Ефто Пупиноски го крена гласот: Престанете со празни разговори за распределбата на пари, енергично застанете во одбрана на своите интереси

  • By admin
  • март 12, 2022
  • 0
  • 434 Views

Познатиот фолк пејач Ефто Пупиноски на својот профил на фејсбук се огласи каде што напиша пост во кој што вели:

Почитувани автори, Повторно нагласувам, според Статутот на ЗАМП, работата на здружението е јавна како и според Деловниците на управните органи, седниците на органите се јавни. За се ова што Ви пишувам управните органи на ЗАМП требаше да ве известуваат.

Во мојата објава на фејсбук од 02.03.2022 година зборував за листата за најкористени дела во 2019 година добиена од ЗАМП. Врз основа на таа листа Собранието на ЗАМП на 06.11.2020 година донесе одлука да се поденсе кри вична пријава против непознати лица кои се наоѓаат на таа листа.

Ниту оваа одлука е реализирана до денес, ниту пак некогаш за овие 30-тина години надлежните на ЗАМП поднеле некаква пријава за откривање зл оупотреби во ЗАМП.

Во оваа прилика листата Ви ја доставувам во прилог. На неа доминираат 3-4 уредници во радија и телевизии, по некој автор во соработка со уредник, а има и по некој на кого му е местото тука. Поединечно се прикажани класите 100, 300 и 900 по редослед македонско радио, македонска телевизија и национални радија и телевизии. Веднаш Ве прашувам:

1. Дали ги знаете овие луѓе од листава како врвни автори (композитори, текстописци или аранжери) ?

2. Колку Ви се познати наведените дела на листата ?

Ако не ви се познати ниту авторите, ниту нивните дела, тогаш постои сериозен проблем. Да ве запознаам дека бројките во ставката „број на користења“ како 238, 259, 299 итн, почитувани, во превод значат пари.

Меѓу имињата на листата ќе го сретнете и Јошко Бошковски кои беше предмет на третирање на Програмскиот совет на МРТ. Во класата македонска теленитувизија се приметува окуп ација од двајца автори.

Лицето со псевдоним „Паша Кристи“ е член на управните органи на ЗАМП. Во класата 900 Трговски радија едно лице има доминација. Господа автори, ако ви недостигаа овие податоци, еве ви ги.

Гледајте, проанализирајте и проценете сами. Ова е само една од тајните која требаше управните органи на ЗАМП да ја откријат. Во ЗАМП има уште една редица тајни само во друга форма и во други варијанти.

За нивно решавање потребно е да се изберат други луѓе во управните органи кои со искрени желби и намери ќе се впуштат во решавање на напластените проблеми.

За овие 30-тина години управните органи на ЗАМП немаат покренато ниту една Пријава.Со самиот таков однос управните органи ги поттикнуваат и охрабруваат сите оние кои целиот свој живот го живеат на туѓа сметка а кои толку многу се осилени што немаат ни трунка обзир,ниту респект,ниту усул и срам.Тие таквите би земале се.

Ве прашувам дали треба некој очи да нѝ извади за да сфатиме дека тој некој не кра де и нѝ прави з ло ?!

Почитувани автори, престанете со празни и непродуктивни разговори по прашањето за распределбата на авторските пари. Дојдете на собирот на автори на 19.03.2022 година во Дом на АРМ во 12:00 часот и енергично застанете во одбрана на своите интереси.

Дојдете да избереме нови членови на управните органи на ЗАМП (гласањето е тајно). Времето и животот покажаа дека никој не ни ги решава проблемите ако не си ги решиме самите ние. email за контакт : [email protected] со поздрав, Ефто Пупиноски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.