Горан Пандев: Јасно ми е дека во Македонија не функционира ништо, ни закон, ни правда

  • By admin
  • март 12, 2022
  • 0
  • 456 Views

Како што е познато Фудбалската федерација на Македонија вчера го одржа Редовно Генерално Собрание на федерацијата.

Претсетаделот на ФФМ, Муамед Сејдини изрази задоволство од работата во изминатата година, потенцирајќи дека искрената и мотивирана работа се клучни за најголемите успеси, а тоа е правецот и за во иднина.

Првиот човек на македонскиот фудбал нагласи дека не може постојано да се живеена стара слава или од пласманот на Европското првенство, вели дека федерацијата мора секојдневно да напредува.

Горд сум на постигнатите резултати на Фудбалската федерација на Македонија. Благодарност до сите, тоа е плод на нашата заедничка работа.

Без желба да ги повторувам и набројувам успешните моменти од минатата година, сепак би сакал да ја искористам оваа прилика да им честитам на фудбалерите и селекторот на македонската А репрезентација за пласманот во баражот за Светско првенство.

Тоа е успех со кој може да се гордее секој фудбалер, тренер и административец во нашиот фудбал. Посакувам успех против Италија на 24. март. Бидете храбри и предизвикајте го Европскиот првак. За сѐ друго ја имате нашата поддршка.

Би сакал да им посакам успех и среќа на македонската репрезентација до 21 година и на селекторот Канатларовски во продолжение од квалификациите за Европското првенство. Имаме добра прилика да се бориме за висок пласман и се надевам дека ќе успееме да ја искористиме.

Се разбира, целите кои ги поставивме и во натпреварувањата во кои учествуваат помладите национални селекции ја имаат целата поддршка од федерацијата во намерата да ги остварат.

Знаете дека директно сум запознаен со состојбата во сите фудбалски центри во нашата држава. Како и десега, ќе продолжам да бидам оперативец на терен, бидејќи сметам дека тоа е од исклучителна важност за подобар фудбал. Но, свесен сум дека тоа не можам да го направам сам, туку само со помош и поддршка од соработниците, но и луѓето од фудбалската база која мора да биде темел на сѐ.

Тоа треба да биде заедничка цел за сите во големото фудбалско семејство. И за тие кој извршуваме најодговорни функции, но и за волонтерите и ентузијастите во клубовите.

Имаме план и програма и одиме чекор по чекор. Наша цел е да продолжиме да вложуваме во инфраструктурата, но и да ја поттикнеме локалната самоуправа да се вклучат во помагање на клубовите, да бидат партнери.

Генералната стратегијата „Обединети од фудбалот“ мора да биде клучен документ кој треба да одговори во кој правец се движиме и како да се поставиме пред предизвиците кој ни доаѓаат. Не можеме вечно да живееме на стара слава и на пласманот на Европското првенство. Од ден на ден мораме да се стремиме кон подигнување на квалитетот на работа на федерацијата на сите нивоа и во сите сегменти.

Работиме на многу проекти, на поконкурентна Прва лига, на единствена Втора лига, а во иднина и на пониските категории и женскиот фудбал.

Сакаме да помогнеме во делот на комерцијалните активности, како и во финансирањето на лигите, а се разбира дека помош им е потребна и на клубовите. Веќе реализиравме многу работи, пред сѐ во однос на инфраструктурата на стадионите, а се надевам дека оваа и 2023 година ќе направиме многу повеќе за македонскиот фудбал.

По одржувањето на собранието се огласи најдобриот македонски фудбалер и поранешен репрезентативец Горна Пандев кој требаше да влезе како делегат на собранието, но тоа не му беше овозможено.

Имено Пандев не стана делегат на Собранието на ФФМ, иако беше избран од општинскиот сојуз Струмица пред 12 дена со образложение од куќата на фудбалот дека процедурите не биле испочитувани и документацијата не била целосна.

Горан потоа даде интервју за спортскиот портал Спорт1 каде што отворено, без влкана на јазикот говореше и меѓу другото кажа:

„Јасно ми е дека во Македонија не функционира ништо, ни закон, ни правда, дека луѓе што имаат голема политичка поддршка како Мети сѐ уште го држат на оваа функција.

Но, јас не застанувам овде и ќе се б ориме за чист фудбал, за луѓе што имаат фудбалска визија, а не личен интерес. Се надевам дека во скоро време ова зл о ќе замине во историјата“, додава Пандев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *