Веќе поранешниот македонски фудбалски селектор Игор Ангеловски попознат под прекарот Мрме веќе одамна ги освои симпатиите на јавноста.
Особено внимание привлече пред по големата победата во Дуизбург од 1-2 над Германија. Македонскиот селектор тогаш на прес-конференцијата победата ја посвети на сопругата, која се бори со ковид-19.
„Морам да кажам дека мојата сопруга е бо лна од вирус, додека јас сум овде. Беше во тешка состојба, хоспитализирана во една од приватните клиники, ја пуштија пред некој ден.
Така што морам да кажам дека оваа победа е за неа, за моите деца, тие се мојата најголема поддршка. Исто и за целиот медицински персонал кој се бореше за нејзиниот живот и со кри зата“, рече нашиот селектор.
Ден потоа тогаш на социјалните мрежи се огласи Тања Ангеловска, сопругата на Игор Ангеловски која преку својот профил на фејсбуку напиш:
Сакам да Ви честитам за победата над четирикратниот светски првак Германија. Две децении без пораз, а таа серија токму МАКЕДОНИЈА да ја прекине респект.
Во овие Квалификации постигнати 9 голааа СЕКОЈА ЧЕСТ. Честитки до Стручниот штаб, медицинскиот тим и техничкиот персонал на А селекцијата, сите фудбалери на А селекцијата.
Некои од нив за овие 5 години пораснаа во очите на Игор Ангеловски од голобради момчиња станаа мажи, татковци за прв пат горди и одважни свесни за уникатноста на нивните карактери.
Сите овие момци се предводени од капитенот ГОРАН ПАНДЕВ, марк антна фигура, далеку пред своето време.
Никогаш нема да ги заборавам овие Квалификации и периодот низ кој поминував заедно си моето семејство. …неканет гостин кој ви го зема здивот.
Се шсте ми одѕунуваат зборовите на мојот сопруг, вечерта кога во полусвесна состојба ги добив резултатите од снимката на белите дробови и кр вните анализи.
“КАДЕ СИ ТРГНАЛА МАЛЕЧКА, ЈАС СЕУШСТЕ НЕ СУМ ЗАВРШИЛ СО ТЕБЕ” Ти благодарам за секој миг поминат заедно со тебе и нашите деца, разбиранњ и подршка без оглед на се.
Благодарам за тоа што ја сакаш мајката на твоите деца. Имајте мирно небо и здрави и живи вратете се дома. – напиша тогаш.
Неодамна Тања Ангеловска даде интервју за „Фокус“, а во еден дел повторно проговори за овоа и кажа:
„Искрено, не очекував дека јавно ќе каже за го лготата низ која поминувавме, но познавајќи го мислам дека дека во тој момент заради наплив на емоции не можеше да издржи.
Јас бев хоспитализирана пред собирот и секогаш кога ќе се јавеше му викав дека сум добро, мислам дека и репрезентативците до втората половина на собирот не знаеле ништо.
Но, по добивањето на снимката од белите дробови која му ја препратиле од Систина, чашата се прелеала и по победата со Германија емоциите излегоа на површина.
Јас тоа го доживеав емотивно и напишав еден пост рано наутро кој го споделив со цела јавност и сега сакам да ја искористам оваа прилика и да изразам голема благодарност за честитките кои ми ги упатија сите за побрзо закрепнување“, кажа Тања за Фокус.
Попладнево Игор се огласи на својот профил на фејсбук каде што објави.
„Среќен роденден Тања Ангеловска. Љубов моја најголема!Ти благодарам за секој момент поминат заедно и уште многу родендени да славиме заедно со нашите ангелчиња Лука,Луна и Леа“.