Екс ракометарот на Вардар открива: Во една вечер испив 103 пива и изедов две тепции сендвичи

  • By admin
  • април 10, 2021
  • 0
  • 3940 Views

Некогашниот голман на Вардар, Страхиња Милиќ Џамбо, оваа сезона се врати на ракометните терени и брани за српски Партизан.

Тој мина шест години во „црвено-црниот“ тим, а освои и една титула во Лигата на шампионите. Милиќ во емисијата „Жешко Столче“ откри интересен детал – ја одбил Барселона за да остане во Вардар.

Српскиот голман Страхиња Милиќ го носеше дресот на поранешниот европски првак Вардар во период од 2012 до 2018 година, а во тој период освои многу титули во домашниот шампионат, но и во ракометната Лига на шампиони (ЛШ).

Милиќ во кратко интервју за „Жешко столче“ зборуваше за периодот минат во Вардар, а притоа откри дека имал богата понуда од Барселона, но ја одбил само за да остане во редовите на „црвено-црните“.

„Јас сум човек кој во животот сѐ прави спонтано и со срце. Не ме интересира дали некој има име, не ме интересираат ниту титули. Луѓето ги гледам како луѓе и тоа е вистина.

Не знам колку луѓе знаат, но ја одбив Барселона за да останам во Вардар, иако тие понудија многу повеќе, но сепак ми беше убаво во Скопје и бранев со срце.

Пред сѐ Сергеј Самсоненко беше заштитнички настроен кон мене и за да се одложам не сакав да заминам во Барселона и така покажав благодарност.

Мислам дека згрешив кога не го напуштив тимот по освојувањето на Лигата на шампиони. Затоа што сега можеби немаше да иде ваква ситуацијата, но ако поправав грешки од минатото немаше да бидам тоа што сум сега“, вели популарниот Џамбо.

„Имам многу добри спомени од Скопје. Скопје и Македонија ги сакам многу, и многу се нервирав кога ќе ми кажеше некој дека таму сум странец. Не се доживував така, самото тоа што сакав да бранам за Македонија, говори за то.

Одбив четири други репрезентации, по тоа што се случи во Србија. Сакав во еден момент да прифатам да бранам за Македонија,а таму имам многу пријатели“, вели Милиќ.

„Не знам ова дали е за во емисија. Велат дека во една прилика, а јас тоа не го знам дека сум испил 103 пива, но ја не верувам во тоа. Јас не бев таму, само чув. Легендата вели дека сум испил 103 пива“, а потоа откри уште една анегдотa:

Стално после град одевме таму. Вистина е, изедовме со Столе две тепсии со мали сендвичи и луѓето се крстеа. Тоа е единствената пекара каде што сум ВИП гостин, сите доаѓаат да се сликаат со мене“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.