Надлежните немаат слух за 83-годишната баба Солунка од скопско: Лежи во кревет, а не и даваат нега

  • By admin
  • април 10, 2021
  • 0
  • 5835 Views

Телевизија Телма носи сторија за 83-годишната Солунка Алексовска од село Текија, скопско за чиј случај надлежните социјални служби немаат слух.

Солунка е врзана за кревет повеќе од една година откако ги ск ршила двата колка, во медицинското досие и се запишани и изразена остеопороза и артритични деформитети, изразена сколиоза на р’бетот, ротација на пршлените и други деформитети.

Но се ова никако да ја увери Стручната лекарска комисија дека Солунка не може сама да се грижи за себе и оти и е потребна нега од друго лице.

На повикот на нејзиниот внук Бојан: „Ајде Солунке станувај!“, таа кратко одговара: „Сакам да станам, но не можам“.

Дека е тоа така потврдуваат три судски пресуди од Управниот суд, во 2015, 2018 и во 2020 година, во полза на Солунка против Министерството за труд и социјална политика.

Борбата за правото на Солунка за надомест за нега од друго лице ја почнал нејзиниот син Љубе во 2014 година, кога таа седум години помлада од денес, веќе се движела со штаки, а потоа и со инв алидска количка, а кога по една година примање додаток за нега од друго лице, Центарот за социјални работи Гази Баба, и го укинало тоа право.

По заминување од овој свет на Љубе, битките со системот за социјални грижи ги продолжил внукот Бојан, кој живее сам со неа, а на помош во грижата за Солунка му доаѓа неговата сестра Елена. Но додека се тие на работа Солунка останува сама во малата полуподрумска соба.

„Ме гледаат, но што ќе гледаат. Одат на работа, доаѓаат. Едвај ги дочекувам да ем видат“, вели таа.

Од Министерството за труд и социјална политика за случајот на Алексовска не даваат објаснување за трите нивни поништени одлуки, наведувајќи дека во 2019 година постапиле по судската одлука и предметот го вратиле на повторно одлучување.

„Стручната комисија повторно носи наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице, а со кој наод, во случајот на г-ѓа Алексовска, оценува дека именуваната нема потреба од помош и нега од друго лице, велат од МТСП.“

По жалба од Солунка и второстепената лекарска комисија, како што наведуваат од Министерството, оценила дека таа нема потреба од помош и нега од друго лице.

Но нејзината жалба ја прифатил Управниот суд и во април 2020 донел пресуда во нејзина полза. Процесот почнало од почеток, но со речиси извесен исход дека повторно ќе заврши на суд.

„Секако дека ќе ги тужам. Значи ќе ги тужам и докторите кои целеа по стар извештај, за небрежност“, вели Бојан.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ Телма.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *