Д-р Пановски годинава ќе се пензионира: На половина ми паѓаат примањата, хонорари веќе нема, но ќе издржиме

  • By klaster3
  • август 24, 2022
  • 0
  • 452 Views

Професорот доктор Никола Пановски од област микробиологија е еден од најактивните во јавноста од појавувањето на ви русот во нашата држава.

И во изминтите две години, но и сега чест гостин е во телевизиските емисии каде јасно ги искажува своите ставови и го објаснува се она што е од интерес на граѓаните.

Како гостин во емисијата „Шоу Магазин“ д-р Пановски зборуваше малку повеќе за професионалниот живот, но и за неговите интереси и хобија.

Професорот Пановски годинава, поточно на 4ти септември ќе се пензионира и со тоа ќе ја заврши повеќедецениската работа на Медицинскиот факултет, но гаи надеж дека и натаму ќе може да предава.

– 42 години кариера, првите десет години до 90та како помлад аститент, од 1991ва доцент, од 1995 година вонреден професор и од 2000, 2001ва имам стаж како редовен професор.

Иако четири години не сум бил редовно на факултетот, не сум пропуштил да одржам предавање – кога бев заменик министер за здравство и директор на фондот меѓутоа бесплатно ги држев предавањата.

Би држел предавања бесплатно, и на мојот матичен факултет, но и на други, тоа ќе ми недостасува. Работата не е тешка па да речам фала Богу се ослбодив.

– За жал тука е и финансискиот момент. На половина ми паѓаат примањата, хонорари веќе нема – има многу ретко и тоа се заедно малку загрижува, но не сум ни прв, ни последен ќе издржиме. Жената работи во една фирма и таа ќе надокнадува, објаснува д-р Пановски.

Професорот досега успеал да се одржува и физички, па она што е карактеристично за него е дека често вози велосипед или игра тенис.

– Јас сум цело време на велосипед. Сега поминав 1500 километри во Охрид, по 30 на ден за 50 дена и мислам дека тоа ме одржува. Цела година сум на велосипед играм тенис.

– После 3 години на 4 септември треба да ја напуштам држваата преку гран ица, значи три години не сум бил надвор освен во Албанија со велоиспед со лична карта, додава д-р Пановски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.