ДНК: Она што го доживеавме вчера во Кичево ќе ни остане засекогаш врежано во нашите срца

  • By admin
  • август 22, 2022
  • 0
  • 416 Views

Македонска поп груп ДНК долги години со успех опстојува на музичката сцена. Основана е во 2002 година од Владимир Блажев – Панчо  и Андреја Ѓорѓиески – Андреј.

Годинава тие се подготвуваат да прославај јубилеј од 20 години постоење, а летово се мошне ангажирани со настапи ширум нашата држава.

Тоа беше случај и викендов кога настапија во Кичево, а потоа се огласија на својот фејсбук профил и напишаа:

Низ овие 20 години постоење сме настапувале на секое можно место низ Македонија, секој фестивал, сала или плоштад, но она што го доживеавме вчера со нашиот бенд во Кичево (Институ клуб) ќе ни остане засекогаш врежано во нашите срца.

И најискрено од срце му го посакуваме на секој наш колега барем еднаш во кариерата да му се случи тоа што ни се случи нам.

Да не ни замерат останатите, но слободно може да кажеме дека ова беше можеби една од најдобрите публики евер! Бисот кој го доживеавме беше тотално нереален за нас.

Наместо стандардното “уште, уште” ги пееа нашите рефрени, па иако бендот беше веќе исклучен, се вративме на сцена без микрофони (пред да ни ги вклучат повторно) но не пеевме ние, пееа они заради кои ние постоиме и го правиме сето ова изминативе 20 години.

Неизмерно сме Ви благодарни, и се надеваме дека дел од вас ќе можат да дојдат на нашиот голем славенички концерт во арената “Борис Трајковски” на 3ти декември.

Покрај се, среќен сум дека не ја изневерив мајка ми, бидејќи Кичево е нејзиниот роден град и можеби затоа имав несекојдневна трема која е несвојствена за мене но осеќав и поспосебна енергија, сила и конекција со публиката по кичевска жичка.

Фала мамо што беше со мене (те осеќав), се надевам не те разочарав. Фала Кичево, ве сакаме неизмерно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.