Дарко од Шведска: Пола плата секој месец оди за Македонија

  • By admin
  • април 26, 2021
  • 0
  • 5145 Views

Секој човек сака да биде со своето семејство и во добри и во ло ши моменти. Да ги пречекува децата од училиште и да си ги праша како им поминал денот, сака да се прошета со семејството,да ги поминува празниците во кругот на домашните, но ете, понекогаш ситуацијата ни налага да сме одделени.

Некои дури и илјадници километри далеку, како на пример јас. Моето Дарко и веќе 6 години работам во Шведска како возач на камион. Знаете сите дека не сум заминал од многу убавина долу, туку од немај-каде.

Се оженив млад и сега имам 3 мали дечиња. На почетокот работев таму како возач, но не ми стигнуваше платата за да издржувам петчлено семејство, па морав чаре да барам во странство.

Имав другар којшто возеше исто нагоре и многу беше задоволен од платата. Отидов за проба неколку месеци, и навистина штедев, и се уште штедам за да можам и себеси и фамилијата да ја издржувам.

Сопругата работи, но не е доволно, а трошоците за децата се големи, кое во градинка, кое на училиште, па играчки, облека, книги, се е навистина скапо за нашите плати. Таа не сака ни да помисли да дојде да живее со мене овде.

Навистина ни е тешко одделени, но што да и правам, не може се истровремено да имаме. Успеав да си извадам документи и сега можам да престојувам и да работам цело време и одам дома најчесто двапати годишно.

Се вози и во други земји и не сакам многу да губам од работата, дури и слободните денови гледам да ги искористам за да работам. Се за иднината на моите деца.

Сакам да можат се да си дозволат, со мера, но сепак гледам секакви работи да им купувам и испраќам одовде. Можеби ги навикнав повеќе на материјални работи отколку на моето присуство, можеби еден ден ќе се каам, но такво време дојде што мора напорно да се работи.

Тие три деца мора да се изведат на прав пат. Се надевам дека кога ќе потпораснат тие ќе сакаат да се преселат овде, ем полесно ќе ни биде на сите заедно, ем тие ќе имаат подобро образование, здравствени услуги и платена работа овде.

Јас навистина не можам да се пожалам за ништо.Штедам многу, не се расфрлам ни со храна ни со облека, секогаш гледам за нив да купам нешто и да им испратам по превоз, отколку за мене.

Откако убаво се снајдов и со стан и со автомобил почнав секој месец да двојам половина од платата за да им испратам на нив долу, па сопругата си одлучува што и како ќе прави со парите.

Таа навика ми остана и до денес, не можам а да не им пратам пари, секогаш иста сума. Сега се мали децата и сопругата располага со парите, но кога ќе пораснат се надевам дека нема многу да се опуштат и да ги трошат на непотребни работи.

Сепак, за таму е навистина голема сумата и можат да се луксузираат. Сега едвај можеме и да се видиме, последнава година ипол само еднаш успеав да ги видам, се надевам дека на лето пак ќе отидам.

Обработил: Д.С, Фото: Илустрација

Авторски текст кој не смее да биде превземан без довозвола од редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.