(ВИДЕО) Дојде животот за Македонците во Австралија: Нашите пејачи тријат раце и бројат долари

  • By admin
  • април 26, 2021
  • 0
  • 2525 Views

Добро познато е дека Татјана Лазаревска и Новица Василевски веќе шест години живеат во Мелбурн, Австралија, заедно со двајцата синови, Петар и Стефан.

Татјана Лазаревска и нејзиниот сопруг Новица Василевски важат за еден од најскладните парови на сцената.

Фолк-пејачите имаат изјавено дека од Македонија си заминале затоа што во Австралија заработката е поголема, а настапите секако им биле во дијаспората.

За Новица, Татјана често знае да изјави дека тој најмногу ја разбира и е нејзината најголема поддршка.

Со многу труд и посветеност, фолк-двојката успеа да дојде до свој дом во Австралија, лани тие купија куќа во Мелбурн.

Додека живееше во Македонија, Татјана често настапуваше на многу настани, а сега ги замени со настапи на друг континент.

Додека во Македонија музичарите се жалат дека нема свадби, нема тезги, нема настапи, нема пари…

Но, во Австралија очигледно дека не е така. Татјана и Новица откако поминаа карантинитеработат со полна пареа. Македонците прават свадби и веселби во Австралија, па работата на познатите фолк-пејачи им тргна.

Татјана често објавува лајф видеа како настапува, а така беше и пред некој ден кога може да се види како се забавуваат, а на нејзиниот сопруг Новица му лепат долари на чело.

Но тоа не е се, тие веќе имаат закажано нови настапи, а меѓу главните е оној за велигден каде што на промотивниот флаер се гледа дека за влез ќе се наплаќа по 30 долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *