Го имаат најголемо богатство – девет златни дечиња, но живеат во многу тешки услови

  • By klaster3
  • март 28, 2022
  • 0
  • 568 Views

За жал животот не ги милува сите – додека едни уживаат во своето богатство и можат се да си дозволат, други едвај крпат крај со крај. Најтажно е кога неправедно стра даат деца.

Ниту ова семејство не посакало никогаш да ја има оваа судбина, имале среќа да имаат повеќе деца и сакаат само нив да ги изведат на вистински пат.

Семејството Стојковиќ е најголемо во селото Сијаринска Бања, општина Медвеѓа. Имаат дури девет деца кои живеат со родителите и нивните баба и дедо. Сепак нивниот живот е далеку од добар.

– Ние сме најсреќните баби и дедовци во Србија затоа што Господ ни дал да имаме девет златни внуци – баба Стојанка и дедо Миле Стојковиќ во разговорот со Хуманитарна организација и велат дека тие се најголемо богатство.

„Таквите пофалби не се без причина. Армија од девет деца мирно и тивко ни подаде рака и го кажа своето име и возраст. Запознавањето траеше неколку минути, а со задоволство можеме да кажеме дека нè пречекаа: Бобана (19), Страхиња (17), Стефан (15), Лазар (13), Марко (12), Милица (8), Јана ( 6), Радомир (4) и Радоје (4)“, велат од организацијата.

– Мојата сопруга и јас работевме различни работи целиот наш работен век. Плацот каде што сме го купивме пред околу 50 години и оттогаш дел по дел ја градиме куќата.

Сè уште не сме ги завршиле започнатите работи, така што моментално функционални се околу 100 м2 од куќата, додека уште 60 м2 се започнати, но не се завршени – ни вели дедо Миле.

Таткото Бобан, кој за време на посетата бил на работа бидејќи работи во училиштето како чувар, мајката Валентина и седумте најмали деца живеат на горниот спрат, додека двете највозрасни деца на приземје заедно со нивните баба и дедо.

Разликата е голема на прв поглед, па можеме да кажеме дека приземјето е целосно функционално додека спратот е во многу ло ша состојба.

Пропадната столарија, стар мебел, црни ѕидови, испукан ламинат под кој се гледа гол бетон, бања која не е во функција – ни покажуваат во колку тешки и несоодветни услови живеат овие деца.

– Најпрво ни треба помош за покривот бидејќи не е во добра состојба. Ќе ни значи и помош за уредуваење на ентериерот, како и доизградба на нови соби кои се започнати во друг дел од куќата – ни рече мајката Валентина.

Иако немаат многу, сепак ова семејство се покажало како многу добродушно и гостопримливо, спремиле и ручек за посетителите.

– Претпоставив дека постите, па се подготвивме. Ја испрживме рибата, а зеленчукот што го одгледуваме до куќата за наши потреби мора да го пробате – со насмевка на лицето домаќините ни покажаа колку се грижеле за се.

Хуманитарната организација Срби за Србите започнува голема акција за да помогне на деветте најмлади од фамилијата Стојковиќ да добијат нормални услови за живот!

Донацијата може да ја извршите на сајтот srbizasrbe .org

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.