Сторијата за Влатко Давитковиќ од Радишани, скопско кој живее заедно со своите братчиња и сестрички во многу тешки услови, недостојни за човек допре до многумина.
Како што е познато, Влатко, Иван, Марина и Мирослав се родени како деца со посебни потреби. Кога биле целосно семејство ситуацијата била многу подобра.
Во 2015 заминува од овој свет татко им а четири години подоцна и нивната мајка а со тоа се ру шат и носечките столбови на семејството.
– Имавме среќни моменти додека со нас беа родителите во 2015 го загубивме татка си. Тогаш ја наследивме пензијата од него и ја имавме нашата мајка.
– Но сега скоро ја загубивме и нашата мајка која ни беше потпора иако здраствената ситуација не и беше најдобра, таа ни беше се.
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски се реши да направи чекор со кој ќе помогне на ова семејство и на овие млади луѓе:
-Мој став и стил е без јавност да се помага, но овој пат имам и поинаква цел. Јас лично ќе се вклучам да помогнам на ова семејство од нашата Општина, ќе им подарам 50% од мојата месечна плата, дополнително со мој налог Општина Бутел ќе додели еднократна парична помош.
Ќе ги замолам советниците од Општина Бутел исто така да донираат дел од својот месечен паушал.
Ќе се потрудам да најдам општествено одговорни фирми кои егзистираат на нашата територија и ќе ги замолам истите да се вклучат во оваа активност, целта е семејството Давитковиќ да добие пристојни услови за живот, нова кујна, апарати за домаќинство и слично.
Ги повикувам сите општествено одговорни фирми и поимотни луѓе од Општина Бутел да ме исконтактираат лично за оваа тема.
Ова што го вети, на дело Дарко и го оствари и притоа напиша:
Денес бев во Радишани кај Влатко, Иван, Марина, Елена и Мирослав. Влатко е екст ремно чесно момче кое лавовски се бо ри за своите браќа и сестри, пример кој ќе го прераскажувам насекаде.
Денеска го одржав мојот даден збор, но она што е поважно е мојата срдечна благодарност кон сите хумани луѓе, фирми и МПЦ што ме исконтактираа и се вклучија во оваа акција за помош на семејството Давитковиќ.
Покрај солидната финансиска помош и големата количина храна која што ја доби ова семејство, за извесен период ќе започне и целосно реновирање на нивниот дом. Нова кујна, потребни апарати за домакинство, кревети, реновирање на тоалетот и тн.
Од денес јас и моите блиски пријатели и соработници имаме нови блиски пријатели за кои ќе бидеме секогаш тука. Влатко, Иван, Марина, Мирослав и Елена тука сме за се.