Германија за да дојде до што повеќе работници од странство планира да воведе нова олеснителна мерка

  • By admin
  • септември 6, 2022
  • 0
  • 412 Views

Статистиките покажуваат дека до 2035 година на германскиот пазар на труд ќе има седум милиони луѓе помалку, доколку имиграцијата не се зголеми значително.

Новиот германски закон за имиграција дозволува секој што ќе најде работодавач да работи, под услов да е вешт и способен. Може да бидат сметководители или возачи, важно е да имаат „некоја хартија“.

Никогаш досега немало толку многу слободни работни места во Германија како денес. Недостигот од персонал ги заду шува аеродромите, рестораните – а сепак тоа е само мала работа во споредба со она што и се заканува на земјата.

Статистиката покажува дека 1,74 милиони работни места се слободни, иако во реалноста веројатно има многу повеќе.

Соодветно на тоа, работното место во областа на грижа за стари лица останува празно во просек по 239 дена. Затоа, работодавачите не можат да најдат старател речиси осум месеци.

Малку е подобро со лимари, техничари за парно и клима, каде што чекањето за нов вработен е по 224 дена. Во високоградбата се бара работник 221 ден, а за медицински сестри, акушерки и болничари – просекот е 188 дена.

Сето ова може да доведе до кат аклизмично сценарио за германската економија, во кое до 2060 година би имало само 1,7 работници по пензионер.

За да се избегне ова, експертите пресметале дека Германија има потреба од 400.000 имиг ранти секоја година.

Таканаречената „карта за шанса“, е многу слична на американската или канадската зелена карта. Работодавaчите во Германија долго време посакуваат вакво нешто, бидејќи така полесно ќе се најде работна сила која очајно недостасува.

Социјалдемократскиот министер Хајл вели дека е тешко да се бара работа во Германија ако физички не си таму, па затоа треба да го олесни доаѓањето.

Како што сега стојат работите, секој што го завршил своето образование во Германија – на кое било ниво – автоматски ќе добие „карта за шанса“.

Ако не, тогаш мора да исполни три од четири критериуми: образование (квалификација) од странство, работно искуство од најмалку три години, познавање на германски јазик или претходен престој во Германија, и да е под 35 години.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.